Непрофесионализам, политички притисоци, газди кои профитираат на грбот на новинарите, закани, казни за клевета, незаштитени новинари, затвореност на институциите се дел од проблемите на медиумите во Македонија. Еден од проблемите кој беше нотиран и во извештајт на ЕУ се и политичките притисоци и влијанија врз медиумите.
Мира Костиќ, една од кандидатките за претседател на ЗНМ, вели дека политичарите треба да ги држат своите прсти подалеку од новинарството, иако тоа неможе докрај да се случи.
„Никаде во светот новинарството не е имуно од политички влијанија, но да го сведеме тоа на минимум, колку што е можно повеќе и се разбира со обуки на новинарите како да се справат во секојдневното работење од политичките влијанија.“
Како против политичките влијанија?
Назим Рашиди како кандидат за претседател на ЗНМ ќе се залага за севкупна анализа на медиумскиот простор за да се види кога и каде има притисоци. Тој вели дека е потребно новинарите да се здружат за да им се стави крај на притисоците.
„Новинарите нема веќе да дозволат, а и ЗНМ ќе стои цврсто со нив заедно, да се стопира секаков политички притисок.“
Дека само со здружени сили може да се рече НЕ на политичкото влијание се согласува и кандидатот Насер Селмани. Тој вели дека со притисоци особено се судираат новинарите од внатрешноста.
„Ако новинарите во Скопје се под притисок, таму притисокот е уште поголем бидејќи се мали средини во кои луѓето се познаваат меѓу себе, а од друга страна нема каде да побараат заштита.“
Поставување на стандарди за професионалност и стручност е чекор кон тоа да се стави крај на политичкото влијание, вели кандидатот Жарко Јорданоски:
„Новинарите ќе мора да се соочат дека живеат во еден реален полтички амбиент во кој секако дека има политички разлики, меѓутоа ќе се прави максимален обид преку придржување кон новинарската етика, кон професионалните стандарди, тоа да не доаѓа до израз меѓу нив.“
И граѓаните се почесто се изјаснуваат дека ја губат довербата во медиумите, не им веруваат на новинарите, а како еден од виновниците за состојбата во која се наоѓа новинарството ги посочуваат политичарите.
„Како им ’свират‘ така ќе пишуваат.“
„Вие новинарите сте секој пат на ударот на владата.“
Кандидатите за претседател на Здружението на новинари велат дека пред нив е макотрпен пат на кој треба да се соочат со многу проблеми за да ја вратат довербата на јавноста во новинарството и на новинарите во здружението.

Никаде во светот новинарството не е имуно од политички влијанија, но да го сведеме тоа на минимум колку што е можно повеќе и се разбира со обуки на новинарите како да се справат во секојдневното работење од политичките влијанија.
„Никаде во светот новинарството не е имуно од политички влијанија, но да го сведеме тоа на минимум, колку што е можно повеќе и се разбира со обуки на новинарите како да се справат во секојдневното работење од политичките влијанија.“
Како против политичките влијанија?
Назим Рашиди како кандидат за претседател на ЗНМ ќе се залага за севкупна анализа на медиумскиот простор за да се види кога и каде има притисоци. Тој вели дека е потребно новинарите да се здружат за да им се стави крај на притисоците.
„Новинарите нема веќе да дозволат, а и ЗНМ ќе стои цврсто со нив заедно, да се стопира секаков политички притисок.“
Дека само со здружени сили може да се рече НЕ на политичкото влијание се согласува и кандидатот Насер Селмани. Тој вели дека со притисоци особено се судираат новинарите од внатрешноста.
„Ако новинарите во Скопје се под притисок, таму притисокот е уште поголем бидејќи се мали средини во кои луѓето се познаваат меѓу себе, а од друга страна нема каде да побараат заштита.“
Новинарите ќе мора да се соочат дека живеат во еден реален полтички амбиент во кој секако дека има политички разлики, меѓутоа ќе се прави максимален обид преку придржување кон новинарската етика, кон професионалните стандарди, тоа да не доаѓа до израз меѓу
нив.