Се распаѓаат старите камени куќи, своевиден архитектонски бисер останат од пред два века во демирхисарското село Железнец, иако целата населба со објекти е заштитена со закон како споменик на културата.
Последните триесетина жители од селото се жалат дека објектите со години се оставени на забот на времето, а грижа од страна на државата скоро и не постои. Освен што се губат автентичните градби, се загадуваат и празнат водите на реката Црна која тука извира.
„Се распаѓаат објектите. Ова е рачна работа, порано мајстори имало сега никој не знае да ги соѕида вака со камења, со тули ѕидаат сите. Оваа има 200 години откако е ѕидана со печени тули од кал, а не сега како што прават цели блокови од тули. Тогаш на раце ги правеле.“
„Штета е за изворот кој е несреден, ова е природна реткост. Порано реката изобилуваше со ендемска речна пастрмка, а сега ја има, но е ретка, никој не ја штити. Се лови недозволено со мрежи, сохарпунзи, стакла. Инаку се се руинира, паѓаат куќи. Проблем е што нема проекти за развој на местото“, реагираат жителите.
Општина Демир Хисар на чија територија е Железнец се дави во долгови за да може финансиски да помогне за заштита на објектите во селото.
„Општината во своите програми и планови има стратегија за развој на селото. Потребата за ревитализација и за заживување на местото далеку ги надминува можностите и капацитетот на општината. Таа стратегија и сите предвидени елементи се понудени на домашни и странски инвеститори се со цел да се заштити архитектурата и да се среди околината“, вели градоначалникот Тони Анѓелевски.
За жал, досега никој не се одзвал на нивните повици, па во селото иако со идеални услови за еко и селски туризам, нема ниту едно продавниче, а не пак други места за престој на туристи.
Се распаѓаат објектите. Ова е рачна работа, порано мајстори имало сега никој не знае да ги соѕида вака со камења, со тули ѕидаат сите.
„Се распаѓаат објектите. Ова е рачна работа, порано мајстори имало сега никој не знае да ги соѕида вака со камења, со тули ѕидаат сите. Оваа има 200 години откако е ѕидана со печени тули од кал, а не сега како што прават цели блокови од тули. Тогаш на раце ги правеле.“
„Штета е за изворот кој е несреден, ова е природна реткост. Порано реката изобилуваше со ендемска речна пастрмка, а сега ја има, но е ретка, никој не ја штити. Се лови недозволено со мрежи, со
Порано реката изобилуваше со ендемска речна пастрмка, а сега ја има, но е ретка, никој не ја штити. Се лови недозволено со мрежи, со харпунзи, стакла. Инаку се се руинира, паѓаат куќи. Проблем е што нема проекти за развој на
местото.