Политиката останува иста

Експертите не очекуваат промени во американската политика на Балканот

Домашните експерти и политичари не очекуваат промена на политиката на САД кон Македонија по американските избори за членови на Претставничкиот дом.
Политката на Соединетите држави кон Македонија нема битно да се промени по оджрувањето на избори за членови во преставничкиот дом, прогнозираат политичарите и експертите. Иако американските аналитичари прогнозираат по изборите Америка да се сврти кон себе и да подзаборави на остатокот од светот, домашните експерти и понатаму истакнуваат дека САД се стратешки партнер на земјата и очекуваат поддршка. Пратеникот Петар Поп Арсов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека Америка по изборите можеби и ќе се сврти
Јас очекувам и понатаму да продолжи поддршката на САД во однос на нашето зачленување во НАТО ...
кон своите проблеми, но сепак во однос на надворешната политика нема да има некои промени. Поп Арсов се надева дека и понатаму ќе продолжи поддршката за решавање на спорот за името.

,,Јас очекувам и понатаму да продолжи поддршката на САД во однос на нашето зачленување во НАТО Алијансата, а сепак како што велат и Американците и претставниците на ЕУ, решението ќе мора да се најде помеѓу нас и Република Грција."

И покрај тоа што се очекува драстична промена во составот на преставничкиот дом и пратеникот на СДСМ Владо Бучковски не очекува битна промена во однос на политиката кон Македонија. Но, вели дека земјата не треба да смета многу на САД во однос на спорот за името.
Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на центарот за бегалци

,,Имајќи во предвид дека во 2008-та беа сосема поинакви односите и на ,,мускули" Бушовата администрација ја туркаше Македонија да оди напред, по сето она што се случи во Букурешт и носењето на одлуката каде што почитувајќи го консензусот се солидализираа другите држави од НАТО на грчкиот ултиматум, сега станува јасно дека единствените што можат да го решат овој проблем сме ние самите."
Америка се повеќе се оддалечува од регионот не затоа што не не сака, туку затоа што како глобална сила има свои интереси кои се во другите региони во светот

Професор Стево Пендаровски вели дека политиката на САД кон регионот се менува веќе подолго време.

,,Америка се повеќе се оддалечува од регионот не затоа што не не сака, туку затоа што како глобална сила има свои интереси кои се во другите региони во светот."

Пред неколку денови при посетата на земјата помошник државниот секретар на САД Томас Кантримен изјави дека САД и понатаму ќе ја подржуваат Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, но што се однесува до прашањето за името, на Македонија и на Грција останува преку директен дијалог и тежок компромис да изнајдат решение.