По неколку одложувања, членовите на Анкетната Комисија конечно одржаа седница за собранискиот инцидент.
Дали претседателот на Собранието има комуникација и каква со службата за обезбедување, постои ли посебно собраниско обезбедување или тоа е во рамките на МВР, дали и под кои услови лица со оружје може да влезат во Парламентот. Ова се дел од прашањата кои беа разгледувани на седницата на Анкетната комисија, а на која присуството на Стојан Андов и на Тито Петковски, од кој едниот во неколку наврати беше претседател на Собранието беше предвидено за да им помогне на членовите во носењето заклучоци по инцидентот кој пред неколку месеци се случи во Собранието. Искуствата покажуваат дека не се случило никој да влезе во Собаранието, а претседателот на Собрaнието да не даде согласност, како и тоа дека иако службата за обезбедувaње во Собранието е формално дел од МВР во своето дејствување истата е автономна, резимираше Андов.
Но, замислена како седницата на Анкетната комисија која треба да ги користи искуствата на поренешните претседатели истата не помина и без меѓупартиски реплики. Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ рече дека заклучоците од Анкетната комисија треба да се движат во насока на тоа Собранието да има посебно обезбедување, а не во рамки на МВР, а Андов нагласи дека е важно дека нема пример каде собраниското обезбедување било подредено на полициајта и дека во спротивно е многу опасно и станува збор за полициска држава:
,,Статусот на Парламентот е појак од било кој закон за МВР, недопирливи се внатре состојбите во Парламентот. Стаусот на службата секогаш бил таков, тие се вработени во МВР иако сме сакале да го промениме тоа не се стекнале услови да го промениме, меѓутоа таа служа без оглед на нејзиниот персонален статус има овластувања и не смее од нив да отстапува."
И Тито Петковски повтори дека главна улога во Собранието во вонредни ситуации како на пример во случај на демонстрации има претседателот на Собранието кој за се мора да биде консултиран и тој издава наредби, а никако министерот. Овој став тој го искористи и за критика за тоа како власта постапила на денот кога во Собранието се случи инцидентот. На ова реплицираа Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО ДПМНЕ дека Петовски шири дезинформации и дека министерката за внатрешни работи наредниот ден била повикана од претседателот на Собранието и тоа на барање токму од пратеничката група на Петковски, НСДП и од СДСМ:
Тито Петковски (НСДП): ,,Кога би бил претседател на Собранието апсолутно не би дозволил министерот за внатрешни работи да биде присутен во Собранието во тој момент."
Илија Димовски (ВМРО ДПМНЕ): ,,Тоа е целосна невистина, другиот ден беше."
По подолго време ова е прва седница на Анкетната комисија од отворен тип каква што последен пат се одржа кон крајот на летото кога на истата присуствуваа стечајците. Деновиве во медиумите имаше информација дека рок за завршување на работата е 26-ти овој месец меѓутоа таа продолжува со работата.
Статусот на Парламентот е појак од било кој закон за МВР, недопирливи се внатре состојбите во Парламентот...
Но, замислена како седницата на Анкетната комисија која треба да ги користи искуствата на поренешните претседатели истата не помина и без меѓупартиски реплики. Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ рече дека заклучоците од Анкетната комисија треба да се движат во насока на тоа Собранието да има посебно обезбедување, а не во рамки на МВР, а Андов нагласи дека е важно дека нема пример каде собраниското обезбедување било подредено на полициајта и дека во спротивно е многу опасно и станува збор за полициска држава:
,,Статусот на Парламентот е појак од било кој закон за МВР, недопирливи се внатре состојбите во Парламентот. Стаусот на службата секогаш бил таков, тие се вработени во МВР иако сме сакале да го промениме тоа не се стекнале услови да го промениме, меѓутоа таа служа без оглед на нејзиниот персонален статус има овластувања и не смее од нив да отстапува."
И Тито Петковски повтори дека главна улога во Собранието во вонредни ситуации како на пример во случај на демонстрации има претседателот на Собранието кој за се мора да биде консултиран и тој издава наредби, а никако министерот. Овој став тој го искористи и за критика за тоа како власта постапила на денот кога во Собранието се случи инцидентот. На ова реплицираа Илија
Кога би бил претседател на Собранието апсолутно не би дозволил министерот за внатрешни работи да биде присутен во Собранието во тој момент