Љубен Лапе го нема меѓу славните прилепчани

Во Прилеп се одржа „Ден на академик Лапе“ во организација на Друштвото за наука и уметност

Името на академик Љубен Лапе, основоположникот на македонската историја, не е врежано во „Патека на славните“, која неодамна ја откри градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
Името на академик Љубен Лапе, основоположникот на македонската историја, македонскиот Херодот не е врежано во „Патека на славните“, која градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески со многу помпа ја откри на 11 октомври, кој е всушност ден на неговото раѓање. Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на овој прилепчанец и 25 години од неговата смрт. По повод двата јубилеја, Друштвото за наука и уметност со многу пиетет посвети „Ден на академик Лапе“.
Значајни имиња, познавачи на македонската историја, пред бројни историчари и почитувачи на делото на Лапе во Прилеп, говореа на неговиот придонес во етаблирање на македонската историја, образовни и научни институции.
До 1945 година вие немате македонска историја, имате историја која што е „македонската историја„ и припаѓа на Бугарија, Грција и Србија. Над сето тоа да излезете да речеме како победик и на крајот да ја задржите македонската мисла, навистина треба да имате голема доблест. Љубен Лапе е еден од тие кои што ги поминал сите тие
премрежја.


„До 1945 година вие немате македонска историја, имате историја која што е „македонската историја“ и припаѓа на Бугарија, Грција и Србија. Над сето тоа да излезете, да речеме како победик и на крајот да ја задржите македонската мисла, стварно треба да имате голема доблест. Љубен Лапе е еден од тие кои што ги поминал сите тие премрежија“, посочува професор д-р Тодор Чепреганов, директот на Институт за национална историја во Скопје.

И кога ја завршувал функцијата заменик министер за образование во македонската влада веднаш по ослободувањето, академик Лапе интензивно работел на подготовка на програми и деловници за основно и средно образование.

,,Професорот Љубен Лапе е основоположник на Институтот за историја, претходно катедра за историја на Филозофскиот факултет, но и покрај тоа тој е исто така и основоположник на самиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ и пред се Филозофскиот факултет каде го посвети скоро поголем дел од својот живот“, вели д-р Маргарита Пешевска, професор на Филозофскиот факултет и негов ученик.

Преку 230 бибилиографски единици, разни статии, прилози, предавања во делот на историографската наука брои
Тој е исто така и основоположник на самиот универзитет „Свети Кирил и Методиј„ и пред се Филозофскиот факултет
пишаното дело на овој македонски деец, кој бил активно вклучен во подготовката на кадарот за средните и основните училишта.

„Со посебен акцент на Македонија особено во периодот на Турското владеење, особено во периодот на 18 до 20 век, со посебен акцент на илинеденскиот период, Крушевската Република, странските пропаганди во Македонија, секако дека има учествувано во голем број дела кои што се однесуваат на Прилеп и Прилепско“, потенцира Рубин Белчески, виш кустос во прилепскиот „Завод и музеј“.

Имајќи го предвид големото дело на академикот, прилепската интелектуална фела ја повикува локалната самоуправа да ја исправи грешката. Во градот да се најде соодветно каде ќе биде поставена биста на македонскиот Херодот за да може сите идни генерации да го препознаваат втемелувачот на нашата историја, а името на академикот задолжително да биде вградено во „Патеката на славните“.