Г-дине Чепреганов зошто политичките разлики се пречка да се постигне консензус за тоа што и како треба да се слави. Секоја година Илинден на Мечкин Камен го слави ВМРО-ДПМНЕ, а прославата на АСНОМ како да им се препушта на СДСМ?
Па добро, мислам дека во последниве 20 години имаме една ситуација која што, како да е посебно карактеристична во однос на прославата на одредени државни празници. Мислам дека не е точно дека само ВМРО прославува на Мечкин Камен, мислам дека кога СДСМ е на власт и тие одат на Мечкин Камен и го чествуваат празникот, исто така и ВМРО одат и го чествуваат празникот на Пелинце. Меѓутоа основното прашање е зошто доаѓа го овие партиски поделби на празниците? Празниците се на македонскиот народ, сетоа она што се случило во историјата на македонскиот народ припаѓа на сите Македонци, меѓутоа за жал во овие 20 години имаме една тивка поделба на празниците, на чествувањето на празниците во однос на тоа која партија е на власт. Вие сте забележале дека кога една имате чествување на некои празници, без разлика која партија е на власт ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, едните не присуствуваат на чествувањето што за жал и како историја и за македонскиот народ не е добар показател за тоа како се однесуваме кон сопствените културно историски чествувања. Дали со тоа се обидуваат да добијат одредени политички поени, не можам да кажам бидејќи сепак тоа е политика, не е историја, тоа е политка.
Познава ли македонската историја примери на слични поделби кога се одбележуваат значајни датуми?
Во сите оние историски настани еве и Илинденското востание, во периодот кога немало македонска дражава, тие живееле во колективната меморија на македонскиот народ и тој ги чествувал. Значи и без политички партии и без сопствена македонска држава, сите празници кои што значеле нешто и кои што останале во колективната меморија на македонскиот народ, се чествувале.
Годинава е донесена одлука да не се оди на Прохор Пчински. Го делите ли мислењето дека заседанието на АСНОМ треба да го чествуваме на Пелинце?
Чествувањето на празникот би требало да се оддржи на местото каде што е оддржано. За жал овие 20 години ни се случува нешто што не ни се случуваше во претходните 60 години, од 1945 до 90-та година кога беше дозволено чествувањето во манастирот Прохор Пчински. Значи промената на политиките, промената на системот кој што се случи, доведе до тоа да ни се оспорува правото да македонскиот народ го чесвтува празникот, денот на формирањето на современата македонска држава во Прохор Пчински. Сметам дека последниве години, владава и она што го направи Пелинце, какво такво сепак е место додека не се подобрат тие односи и не се добие дозвола за чевстување во манастирот Прохор Пчински и Пелинце е место каде што можеме да го вршиме тоа чествување.
Постои ли интерес земјава да ги реши со Србија турбуленциите во односите со пресрет на Илинден, главно поради спорот помеѓу двете цркви?
Политички, што се однесува до македонската страна, сигурно дека постои решеност тоа прашање да се реши еднаш за секогаш, меѓутоа да имате секоја година ,,топло ладно“ и постојано да се обраќате до СПЦ за да барате дозвола, навистина не е баш пријатно. Уште повеќе се однесува на прашање што е префрлено на црковно поле, политиката нема никаков проблем, како што читам и во весниците, дека политичките односи се одлично, меѓутоа за жал црковните односи се на ниво на кое што не би требало да бидат.
Јавноста разви критики дека Историјата на македонскиот народ промовирана пред две години од Институтот дека е пишувана под политички диктат и дека акцентот на Античка Македонија коренсподира со новиот дух на времето кога и тој дел на историјата се става во одбрана на името. Како ги коментирате овие реакции?
Краткото издание на Историјата на македонскиот народ беше објавена во 2008 година по повод 60-годишнината од Институтот. Таа Историја е објавена на македонски и англиски јазик и во моментот кога беше промовирана не предизвика никаква реакција од ниту една страна, меѓутоа две години подоцна на една случајна промоција којашто ја направивме во Берово, одредени новинари тогаш сфатиле дека нешто „не е во ред“ со Историјата на македонскиот народ и дека има таму, терминот што се употребува-антиквизацијата и дека ние се приклонуваме кон она, дека е напишана по барање на владата. Мора да кажам дека во овие 20 години, ниту една политичка партија, ниту една политичка гарнитура нема интервенирано за ништо што би требало да го пишуваат историчарите во Македонија. Резултатите во Историја на македонскиот народ се резултати до кои што колегите дошле преку своите истражувања сиве овие години. Значи тоа се млади луѓе кои што за некои за жал или пак за наша среќа, со тие пари што какви такви ги добиваме одат низ Европа, вршат истражувања и тие резултати ги даваат во монографиите коишто се објавени.
Дали Владата го консултираше Националниот институт за историја за прашањето за името и кој е вашиот став со оглед на тоа дека беа најавени средби со повеќе институции?
Институтот постои 60 години, меѓутоа овие 20 години колку што сме, а и претходно, да речеме во претходниот период можеби имало поголема консултација во тој социјалистички систем, меѓутоа за жал во овие 20 години ретко кој најде можност да не консултира за она што се случува на полето на историја. Владата на Никола Груевски во однос на името покажа интерес и ги свика историчарите за да праша какво е мислењето на историчарите во однос на името за спорот што се води со Грција. Имаше неколку средби и сеуште се консултираат историчари за проблемот со името. Исто така морам да кажам дека и поранешниот претседател Бранко Црвенковски на неколку пати се има обратено до Институтот за одредени прашања што се однесуваат на историјата.
Кој беше вашиот став во врска со проблемот со името што го изнесовте?
Нашиот став е дека ние како историчари неможеме да го прифатиме тоа, непристоен предлог од една соседна држава којашто бара да си го промените сопственото име. Тоа е прашање за кое што јас лично не би сакал да дискутирам.
Дали т.н. македонско прашање е затворено со балканките политики и што мислите за современата историја на Балканот. Дали е ова период во кој што историјата можеме да ја наречеме прилично моќна?
Самиот факт што во овие 20 години имате непризнавање од страна на Бугарија на македонската нација, јазик и култура, непризавањето од страна на Грција исто така на македонското малцинство, барањето за промена на името, СПЦ не ја признава афтокефалноста на МПЦ, зборува дека македонското прашање повторно е актуелно на Балканот. Значи политиките на балканските држави, сега за жал и на европските, кон Македонија се нешто што покажува дека тоа прашање се уште не решено како што треба.
Институтот по 15 години го обнови својот научен состав, но се вложуваат ли пари од државата за истражување и колку се тие доволни?
Институтот до 90-тите години имаше 70 вработени, за 20 години Институтот стана институција од која што отидоа во пензија или заминаа на други работни места околу 25 научни работници, што значи дека Институтот се сведе на 35-40 луѓе. За 20 години до последниве години, Институтот немаше вработено ниту еден млад научен работник. Владата на Никола Груевски најде сили и на Институтот му овозможи да вработи на времено вработување 15 млади кадри. Тоа се млади луѓе кои што имаат висок просек, познаваат повеќе јазици и коишто ветуваат дека ако бидат редовно вработени дека Институтот ќе го задржи својот статус што го имаше и претходно. Во спротивно Институтот за национална историја полека, но сигурно ќе изумре.
Дали се користи историјата во политика за добивање поени кај луѓето?
Сигурно дека историјата има посебно влијание врз политиката затоа што одредени историски настани имаат свое влијаение и денеска. Затоа во изминатите 20 години доколку направите ретроспектива ќе видите дека сите политички партии и од левата и од десната опција и партиите на етничките заедници во Македонија се служат со историјата како еден од методите за да можат да го мобилизираат своето гласачко тело или останатиот дел од неопределените гласачи. Сметам дека историјата треба да им се остави на историчарите, затоа што историјата е наука којашто има своја посебна методологија на работи, не политика затоа што употребата на историјата во политиката може да предизвика несакани последици затоа што погрешно пренесени информации на група на ученици може да создаде омраза кон друга нација, кон друг народ што може да предизвика несакани последици во едно општество.