Илинденската прослава и оваа година ќе биде препознатлива по коњаниците од илинденскиот марш кој тргнаа од скопско Лисиче и на втори Август треба да пристигнат на Мечкин Камен. Во чест на празникот, здружение на граѓани подготвува програма која вклучува автобуски превоз до Мечкин Камен на товар на државата. Засега нема најава дека ќе биде оргазнизирана слична бесплатна мотивација за граѓаните за одбележување и на АСНОМ, а годинава ниту манастирот Прохор Пчински не е во програмата за одбележување на годишнината од историскиот настан. Програмата е конципирана на начин на кој треба да манифестира национален, меѓуетнички, политички и социјалниот консензус во Македонија, но како таква не добива оценка и од сите граѓани:
,,Традиционално ќе го пречекаме празникот. Крушево тешко, поради финансии. Две години одев, ама сега ќе паузирам.“
,,Таму има четири автобуси во Долно Лисиче, исто така и во Драчево. Планираме да појдеме околу 250 луѓе од Долно Лисиче, Драчево и Аеродром.“
,,Синот ќе оди со друштво во Крушево. Јас и жената сме на работа. Некој ќе работи, некој ќе слави.“
Политизацијата и партизираноста на содржините и тоа што манифестациите не се присутни на целата територија на државата придонесуваат за ваквиот впечаток меѓу лугето, а не само стандардот. Директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела вели дека политичките разлики не треба да бидат пречка да се постигне консензус за тоа што и како треба да се слави. Основното прашање е зошто доаѓа до партиски поделби, како празниците да се партиски забележуваат историчарите.
,,Вие сте забележале дека кога имате некое чевствување на одредени празници, ако ги чевствува која и да е политичка партија ВМРО или СДСМ, едната или другата не присуствува на чевстувањето.“
Македонската истрија не познава примери на слични поделби кога се одбележувале значајни датми. Во сите историски настани во периодот кога немало држава датумите живееле во колективната меморија на македонскиот народ и се чествувале, нагласува Чепреганов:
,,Значи и без сопствени политички партии и без сопствена македонска држава, сите празници коишто значеле нешто во меморијата и кои што останале во колективната меморија на македонскиот народ се чевстувале, затоа што и празниците што денеска се чевствуваат се дел од таа колективна меморија што останала кај сите нас.“
На Пелинце годинава ке прославува претседателот на државата Горге Иваниов, а на Мечкин Kамен ќе биде премиерот Никола Груевски. Лани парламентарна делегација предводена од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски положи цвеќе пред спомен плочата поставена пред капијата веднаш до манастирската чешма, а годинава Вељановски ќе положи цвеќе пред споменикот на Ченто на плоштадот во Скопје.
Планираме да појдеме околу 250 луѓе од Долно Лисиче, Драчево и Аеродром
,,Традиционално ќе го пречекаме празникот. Крушево тешко, поради финансии. Две години одев, ама сега ќе паузирам.“
,,Таму има четири автобуси во Долно Лисиче, исто така и во Драчево. Планираме да појдеме околу 250 луѓе од Долно Лисиче, Драчево и Аеродром.“
Значи и без сопствени политички партии и без сопствена македонска држава, сите празници кои што значеле нешто во меморијата и кои што останале во колективната меморија на македонскиот народ се чевстувале...