Останатите опозициони партии ЛДП и ДПА нема да ја подржат СДСМ во протестите против власта.
Да се кренеме на нозе и да покажеме дека не го толерираме овој ненароден режим. Вака СДСМ ги најави серијата протести на кои што ги повикува граѓаните, почнувајќи од 10 октомври симболично во Прилеп, а потоа и во останатите градови. Безперспективноста, сиромаштијата, и катастрофалната политика на актуелната власт е како што велат мотивот и темата на нивните настапи. Вообичаена практика за секоја опозициона партија која бележи голема разлика во рејтингот да се обиде да ги убеди граѓаните во силата на своите аргументи, велат експертите во таа смисла на ова може да се гледа и како на некаква подготвителна фаза во контекст на најавите на најголемата опозициона партија дека се залага за избори во ноември.
„Од нивна гледна точка прават нешто што може да има добар ефект и што може да се одрази позитивно при евентуални избори“, вели професорот Здравко Савески.
Во ЛДП велат дека аргументи против владата има доволно, но дека насобраното незадоволство од власта, што очигледно го има кај народот, треба да го изрази самиот народ, преку тоа што ќе се самоорганизира. Тие остануваат настрана и нема да ги подржат собирите што ке ги организира СДСМ.
„Факт е дека има незадоволство кај граѓаните, меѓутоа ЛДП нема да влегува во шемата на СДСМ“, вели пратеничката од ЛДП Роза Топузова Каровска.
ДПА исто така е потполно незаинтересирана за најавите на СДСМ. Со нив немаме ништо заедничко, а во моментов се занимаваме исклучиво со нашата агенда, вели Ернад Фејзулаху од оваа партија.
„Сега засега, ДПА се соочува со решавање на елементарните права на Албанците. СДСМ има своја агенда, ние имаме наша и апсолутно, сега засега немаме некоја допирна точка за да го подржиме едниот или другиот.“
Не е дека немаат аргументи со кои можат да настапат против актуелното владеење, додава професорот Савески, но во овој момент СДСМ не може да игра на таа карта за да постигне нешто со најавените собири, затоа што за нив е сега потешко и суштинско да ги убедат граѓаните во сопствената легитимност.
„На база на аргументите доста објективни граѓани би се согласиле дека тие се во право, но она што е поголем проблем е да ги убедат граѓаните дека кога би биле тие на власт ќе се однесуваат поинаку и од ВМРО-ДПМНЕ и што е уште поважно од моментите кога самите владееле.“
За да го направи тоа, оваа партија треба да направи радикален рез во однос на досегашниот имиџ, особено оној што е поврзан со досието на сиромаштија и приватизација, во времето на нивното владеење, додава Савески.

Она што е поголем проблем е да ги убедат граѓаните дека кога би биле тие на власт ќе се однесуваат поинаку и од ВМРО-ДПМНЕ и што е уште поважно од моментите кога самите владееле.