Достапни линкови

Меѓукоалициски (не)дијалог?


Зградата на владата
Зградата на владата

Нерешеното прашање за името, блокираните евроатлантски интеграции, Хашките случаи... Прашања што го комплициираат опстанокот на владината коалиција?

Со носењето на Деловникот општа е оценката дека ќе има подобрување во однос на политичките криериуми во извештајот на Европската Комисија за Македонија. Но, иако поголемиот фокус на извештаите е на меѓу партискиот дијалог, а не на дијалогот во коалицијата евдидентно е дека се појавија искричења во комуникацијата меѓу партнерите во власта. И во двете партии изјавуваат дека односите се одлични, но последните случувања тоа не го покажуваат. Зад премиерот Никола Груевски во Владата на отчетот за четири годишниот мандат требаше да бидат министрите од Демократската унија за интеграција, но тие имаа нешто поважно. Евентуалното излегување од коалицијата некои аналитичари го гледаат како потег по објавувањето на извештајот на ЕК за Македонија и самитот на НАТО во
И нивната суштински дијаметрално спротивна визија врзана со евроатлантските интеграции. Македонскиот партнер е подготвен да ги жртвува за да го задржи името во некоја форма, додека албанскиот политички парнтер гледа на тоа како на врвен приоритет. Таа различност како што ќе минува времето може да станува само посилна и посилна.
ноември. Алберт Муслиу смета дека и последните бранувања во коалицијата имаат релација со епилогот од овие случувања:

„Самитот на НАТО, има врска и со политичките односи во Македонија, односно на опозицијата, значи сите овие фактори ќе влијаат на внатрешниот однос меѓу коалиционите партнери.“

Претседателот на ДУИ Али Ахмети зборува на изборен митинг во Дебар, на 1 март минатата година

За нив остануваат отворени прашањата и за Хашките случаи, а некои од министрите не ја кријат разочараноста што владата наместо за инфраструктура ги троши парите од буџетот за изградба на споменици. Дали овие случувања ќе го стават под прашалник опстанокот на коалицијата не може да се предвиди, но во однос на прашањето за името тие очекуваат и се надеваат дека ноември ќе ги разреши навните дилеми. Политичката визија околу спорот со името е една од главните причини за незадоволителната комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вели комуникологот Петар Арсовски:

„И нивната суштински дијаметрално спротивна визија врзана со евроатлантските интеграции. Македонскиот партнер е подготвен да ги жртвува за да го задржи името во некоја форма, додека албанскиот политички парнтер гледа на тоа како на врвен приоритет. Таа различност како што ќе минува времето може да станува само посилна и посилна.“

Таа комуникација не се очекува да се подобри до некоја разрешница на тој проблем. Сепак секоја колиција е коалиција од интерес, а обата партнери го гледаат својот интерес внатре во коалицијата и затоа не се очекува таа да се распадне, вели Арсовски. Пред неколку денови високи претставници од таа партија не испорачаа нов рок за опстанување во владината коалиција изјавувајќи дека доколку без решение на спорот се оди на избори, ќе се верифицира политика на самоизолација, а за однесувањето по ноември и можноста да ја поддржат иницијативата за предвремени избори, изјавија дека се во анализа во која предност ќе се даде на евроатлантската перспектива.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG