Достапни линкови

Жешка политичка сцена


Собраниската сала
Собраниската сала

Поради стравот дека долготрајно лошата економија ќе предизвика апатичност кај граѓаните, политичарите постојано ја вжештуваат политичката атмосфера, сметаат експертите.

Партиите секојдневно наметнуваат предизборна атмосфера. Тоа во континуитет се случува подолго време. Незаобиколна тема е добивањето датум за преговори со ЕУ, за некои со за други и без компромис за името. Сето ова се доживува и како притисок во јавноста како да сме на раб на политичка криза. Експертите велат дека ваквата атмосфера ја создаваат политичките партии од страв да не се создаде апатичност кај граѓаните, што ним им е најмалку потребно зошто треба да излезат и да ги подржат, но според други реално е
Како единствено правилно можам да го разберам само моментот да не се создаде една апатичност и аполитичност, затоа што е сосема очекувано да се создаде една таква можност, во ситуација кога имате толкава невработеност и сиромаштија или разичараност во крајна инстанца, од политичките
елити.
отпочнато броењето на времето до предвремени избори. Во секој случај несупехот во ноември на самиот на НАТО, ќе значи тензии во коалицијата иако во ДУИ не испорачаа рок за опстанување во коалицијата, вели Алберт Муслиу:

„Мислам дека закочените евроинтегративни процеси ќе влијаат врз коалициската ДУИ евентуално да бара предвремени избори, а и од втора страна економската ситуација во Македонија сигурно би влијаела внатре меѓу коалициските партнери, кај поголемиот партнер ВМРО-ДПМНЕ кој во своите рамки има и други партии.“


Според него, иницијативата на опзицијата за предвремени избори е поврзана со кочењето на евроинтегративните процеси, но исто така и со состојбите во економијата и социјалата. Ова според Муслиу е патот преку кој би се спровеле тие предвремени избори. Дел од опозициските партии изјавија дека одлуката зависи од владејачкото мнозинство. Во текот на летото, премиерот Никола Груевски рече дека не планира предвремени избори, по митингот на опозициската СДСМ кога беше највено дека таа партија почнува битка за распуштање на парламентот.

Владимир Мисев од Институтот за демократија вели дека во однос на иницијативата за предвремени избори претходно беше критикувана владата од опозицијата, а дека сега пристискот го прави опозицијата. Мисев гледа оправданост за иницијативата од опозицијата, единствено од аспект да го охрабрува своето гласачко тело:

„Односот помеѓу силите генерално останува ист. Како единствено правилно можам да го разберам само моментот да не се создаде една апатичност и аполитичност, затоа што е сосема очекувано да се создаде една таква можност, во ситуација кога имате толкава невработеност и сиромаштија или разичараност во крајна инстанца, од политичките елити.“

Втриот дел од приказната е дали во меѓувреме севкупната состојба би влиајел врз меѓуетничките односи кои остануваат најсензитивно прашање. Во меѓувреме во ДУИ изјавија дека без решавање на спорот за името не се заинтересирани за избори, а кај СДСМ дојде до извесна промена дека ќе бараат избори независно од исходот во ноември.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG