Лустрација на уставниот судија Трендафил Ивановски, притворањето на новинарот Емил Зафировски и урбаната деградација на Скопје се главни теми во неделниците.
„Ова е недела во знакот на правдата!“ - воскликнува неделникот Форум на воведната страница пред неколкуте написи посветени на состојбите во македонскиот правен систем и со правдата кај нас. Правдата го стигна колегата Емил Зафировски, за судење на кое не бил ни поканет. Министерот за правда, со кого Форум правел интервју токму во моментот кога на улицата Македонија бил апсен новинарот Зафировски, гарантира правна држава, претседателот на Уставен суд ќе бара правда пред друга институција за да докаже дека не бил доушник... ги сумира минатонеделните случувања неделникот. Во врска со нив е и едиторијалот на неделникот, каде што главниот уредник констатира дека во 2010 година во Македонија клеветата – или вербалниот деликт, се' уште не е декриминализирана, значи за напишан текст се' уште ве третираат како криминалец. Ова бе, луѓе, и во турско го немало. Некои велат пусто било турско ропство, а тоа да ти било милина. Каква е сега ситуацијава, ќе излеземе со транспаренти на улица и ќе викаме: „Сакаме турско!“, извикува на крајот на уводникот Форум.
И Фокус се фокусира врз, како што вели - „уличната“ лустрација, но внимание предизвикува еден друг текст: за лажната љубов кон Александар. За што станува збор? Власта, пишува неделникот, го батали локалитетот на кој е откриен вреден златен накит од античко време и златни монети со ликот токму на Филип и на Александар! Иако второто име на политиката на Груевски е антиквизацијата, констатира Фокус, сепак и таа, како и патриотизмот, изгледа има лажен сјај. Неделникот констатира дека јавноста не знае речиси ништо за тие вредни артефакти, дека истражувањата на овој локалитет во селото Тремник, кај месноста Орманков Гроб се прекинати, местото не е обезбедено, а повеќе од еден килограм златен накит и монети се чуваат слабо обезбедени во неготинскиот музеј, а годинава за истражувања на тој локалитет од буџетот биле одвоени само 70 илјади денари. Да, да, не евра, туку денари! Фокус се сомнева дека излегува на виделина целата манипулација околу археологијата како приоритетна дејност. Приоритет за Груевци се градби по највисоки цени, и додека го крева националниот адреналин кај масите, власта покомотно фура со сомнителни скапи набавки, што на прокламираниот патриотизам му дава лажна суштина, заклучува главната уредничка на Фокус.
За урбаната деградација на Скопје пишува во најновиот број на неделникот Глобус. Лавовите и античките скулптури, забележува неделникот, илустрирајќи ја статијата со повеќе фотографии на вистински ремек-дела на кичерајот, се составен дел на декорацијата на новите градби во Скопје, од Топаана и Шуто Оризари до јавните објекти. „Скопје 2014“, кое се пресликува и на индивидуалната профана архитектура нема автор, констатира неделникот. Тоа е театарска кулиса, сценографија без структура во која не се води сметка за функционалноста; архитектурата се криминализира, инвеститорите си даваат право да ја купуваат духовната сопственост на архитектот и тие да му го креираат проектот, завршува Глобус во анализата која навистина треба да не' подзамисли, а во истовреме, јасно го отсликува нивото на кое во моментов се наоѓа Македонија во поглед на естетските и културолошките вредности.