Воведување па укинување на веронауката, државна матура, грешни учебници, неуспех на проектот за македонски за албанските првачиња... константни проблеми на образованието.
Ако ја следиме онаа народната дека денот по утрото се познава, тогаш може да очекуваме уште една учебна година со проблеми. Годината уште непочната, а осамна скандалот со грешките во учебникот по Општество, што резултираше со ревизија на сите учебници. Во меѓувреме учениците се вратија во клупите и додека се чека учебниците да бидат проверени од стручњаци, наставниците диктираат, децата запишуваат. Сликата гледана отстрана може да се спореди со еден од релјефите од споменикот на Гоце Делчев поставен пред Камениот мост. За жал тој бил учител пред стотина години, но изгледа дека и покрај сите реформи и реформички, се се сведува на ресавска школа. Проектот бесплатни учебници започна пред три години. Минатата учениците по некои предмети учебници добија дури во второто полугодие, имаше и такви предмети кои поминаа без учебници. Годинава пак, додека се чека на ревизијата, учениците учат од учебници кои се подложни на ревизија, или пак воопшто немаат учебници.
„Нема ништо. Не се ни стигнати. Една професорка рече, одиме пред Министерство да се жалиме.“
„Многу касно ни дојдоа учебниците лани. Некои дојдоа на почеток, некои каснеа два месеци, а некои не ни дојдоа. Информатика не дојде.“
Наместо учебници „ресавска школа“
Учениците се жалат дека им е тешко што мора цело време да запишуваат што диктира наставникот, па така немаат време да ја разберат лекцијата, туку само запишуваат.
И родителите незадоволни што се се прави во ’5 до 12‘ и дека и покрај бесплатните учебници, еден ученик сепак им одзема доста пари од семејниот буџет.
„Во 12 и 5 во државата се решава тоа, секоја година е исто. Минатата година децата од петто одделение препишуваа, така што не се случува ова прв пат, така што не не изненадува.“
„Лани на прва година не им ги дадоа книгите, мораше да се купат, а сега ќе видиме како ќе биде.“
„Книгите ако не ги купуваме, околу 2000 денари ќе чини еден ученик. Работни теткратки, прибор, тетратки...“
Министерот за образование најави дека ревизијата ќе заврши за 30 дена, но сеуште не започнале сите комисии да работат, но тој сепак очекува се да се заврши брзо.
„Најголемиот дел од комисиите јас како што знам се веќе конституирани кои ќе бидат членови, очекувам да ги официјализираме тие комисии и тие да си ја завршат работата. Има време, има време... поголем проблем ние е лекторирање.“
Проблемите во учебникарството се должат на недоволно формулираните законски решенија, вели директорката на Бирото за образование Весна Хорватовиќ. Таа вели дкеа токму учебникарството е најболната точка во дејноста на министерството за образование и наука.
„Мислам дека значително се подобри состојбата, односно се надмнаа проблемите што претходно ги имаа учениците и училиштата, во однос на тоа дека издавачките куќи водеа отворена војна во училиштата, околу тоа дали ќе се учи од нивнот учебник или од учебникот на конкурентите.“
Одговорност сега засега се побара само од рецензентите. Министерството поднесе тужби само против трите професорки кои го рецензирале спорниот учебник, затоа што само тие биле виновни што дале позитивна оценка за учебникот.
И професорите се затечени од промените, им се менуваа програми, им се менуваа учебници, а тие се обидуваат некако да се снајдат. Дирекорката на едно основно училиште во Скопје, Елка Даскалова вели дека тие ги добиле сите учебници, освен оној повлечениот по Општество, но дека наставниците се подготвени да ја реализираат програмата.
„Наставниците се снаоѓаат со соджрини од интернет, од стари ученбици по општество, ги реализираат целите според годишната програма и тие умеаат и можат.“
Проектот бесплатни учебници ја чини државата многу, вели министерот за обраозвание. Дополнително на тоа се додаваат и еден милион и седумстотини илјади денари за препечатување на учебникот по Општество.
„До сега нас учебниците не чинеа околу 320, 350, 280 денари, зависи. Сега со овој нов систем учебниците не коштаат 80, 90, 100 денари максимум. Тоа се од 150-200 денари разлика, на 5 милиони учебници, тоа се 20 милиони евра годиншно.“
Реформите го уназадија образованието
Нашиот образовен систем е подложен на реформи кои траат веќе долго време. Во образованието постојано се менуваат одредени работи, се донесуваат едни правила, се укинуваат други, помпезно се најавуваат измени, кои потоа уште попомпезно се укинуваат. А сето тоа резултира со необразувани генерации, ученици кои на тестовите за проверка на знаењето, добиваат едвај преодна. И повеќе од јасно е дека системот некаде, затаил, дека образованието моли за реформи. Експертите велат се покажало барем досега дека одлуките за измени во образованиот систем се донесуваат без претходно да се направи вистинска анализа дали може да се оствари таа промена.
Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека се донесуваат 10 годишни стратегии кои предвидуваат реформи во образованието, а сето што е надвор од стратегијата го нарушува системот.
„Оваа влада не ја почитува стратегијата за развој на образованието која што е донесена од вмровска влада и која е верификувана од сите меѓународни фактори, со тоа се нанесе голема штета. Она што набрзина се прави тоа значи дека е надвор од таа стратегија и од основните принципи на промени во образованието.“
Последниот пример со учебникот по Општество во кој се провлекоа низа пропусти, неточни информации и побркани факти отвори уште едно прашање, какви кадри подготвуваат учебници, и како со такви учебници да се едуцираат новите генерации. Министерот за образование вели дека учебникот добил најдобри оценки од понудените трудови. Него го оценувале стручни лица, универзитетски професор по тој предмет и двајца наставници кои со години го предаваат предметот во училиште. Учебникот бил оценет со оценка 5, со вкупно 95 поени, а авторите на подолу рангираните учебници не поднеле жалби, така учебникот бил одобрен за печатење. Националната комисија може да го прочита учебникот само ако има жалба.
Додека се чека на ревидирање на учебниците, настанал уште еден проблем и тоа со учебниците на турски јазик. Не можеле да се најдат преведувачи затоа што сите биле ангажирани со преведување на турски серии.
Со измени кои беа донесени пред неколку години, учениците до 4 одделение не смеат да го повторуваат оделението, веќе трета година и средното образование е задолжително, па така ученикот без разлика дали научил или не завршува средно. Податоците пак од запишувањето на факултет покажува дека над 90 проценти од матурантите се запишуваат на факултет, така да генерации ученици со пропусти во знаењето завршуваат факултети, а со олеснетите критериуми за посдипломски студии, многу од нив стануваат и магистри. Професорот Новковски вели дека со избрзнаите реформи, образовниот систем донекаде се уназадува.
„Нашето образование е добро, кон многу добро, и тенденцијата е да се подобри кон многу добро, но со некои постапки се враќа кон добро. Колку и да се направат добри работи или погрешни работи, не може наеднаш да се смени тој квалитет.“
Но, проблемите со учебниците се само дел од сликата кој ја одбележува скоро секоја учебна година. Години наназад се одбележани со големи реформи. Се воведуваше деветолетка. Потоа имаше проблеми со целодневната настава, де се укинуваше, де повторно се воведуваше, и пак незадоволни родители, деца, наставници. Па дојдоа веронауката и компјутеите за секое дете. Второто полугодие од минатата учебнеа година го одбележа бојкотот на албанските паралелки од прво одделение поради одлуката на министерот да се учи македонски јазик од прво. После многу превирања, неодржани часови, политички препукувања, протести, одредбата се укина. Па следуваа негодувањата за спроведување на екстерните тестирања, државната матура, а во меѓувреме и бојкот на наставниците кои се бореа за своите права. Секако тука се и локалните бојкоти на наставата, кога учениците и нивните родители бараат подобри услови, нови училишта, пари за струја и вода.

Во 12 и 5 во државата се решава тоа, секоја година е исто. Минатата година децата од петто одделение препишуваа, така што не се случува ова прв пат, така што не не изненадува.
Наместо учебници „ресавска школа“
Учениците се жалат дека им е тешко што мора цело време да запишуваат што диктира наставникот, па така немаат време да ја разберат лекцијата, туку само запишуваат.
И родителите незадоволни што се се прави во ’5 до 12‘ и дека и покрај бесплатните учебници, еден ученик сепак им одзема доста пари од семејниот буџет.
„Во 12 и 5 во државата се решава тоа, секоја година е исто. Минатата година децата од петто одделение препишуваа, така што не се случува ова прв пат, така што не не изненадува.“
„Лани на прва година не им ги дадоа книгите, мораше да се купат, а сега ќе видиме како ќе биде.“
„Книгите ако не ги купуваме, околу 2000 денари ќе чини еден ученик. Работни теткратки, прибор, тетратки...“
Министерот за образование најави дека ревизијата ќе заврши за 30 дена, но сеуште не започнале сите комисии да работат, но тој сепак очекува се да се заврши брзо.
„Најголемиот дел од комисиите јас како што знам се веќе конституирани кои ќе бидат членови, очекувам да ги официјализираме тие комисии и тие да си ја завршат работата. Има време, има време... поголем проблем ние е лекторирање.“
Нема ништо. Не се ни стигнати. Една професорка рече, одиме пред Министерство да се жалиме.
Проблемите во учебникарството се должат на недоволно формулираните законски решенија, вели директорката на Бирото за образование Весна Хорватовиќ. Таа вели дкеа токму учебникарството е најболната точка во дејноста на министерството за образование и наука.
„Мислам дека значително се подобри состојбата, односно се надмнаа проблемите што претходно ги имаа учениците и училиштата, во однос на тоа дека издавачките куќи водеа отворена војна во училиштата, околу тоа дали ќе се учи од нивнот учебник или од учебникот на конкурентите.“
Одговорност сега засега се побара само од рецензентите. Министерството поднесе тужби само против трите професорки кои го рецензирале спорниот учебник, затоа што само тие биле виновни што дале позитивна оценка за учебникот.
И професорите се затечени од промените, им се менуваа програми, им се менуваа учебници, а тие се обидуваат некако да се снајдат. Дирекорката на едно основно училиште во Скопје, Елка Даскалова вели дека тие ги добиле сите учебници, освен оној повлечениот по Општество, но дека наставниците се подготвени да ја реализираат програмата.
„Наставниците се снаоѓаат со соджрини од интернет, од стари ученбици по општество, ги реализираат целите според годишната програма и тие умеаат и можат.“
Наставниците се снаоѓаат со соджрини од интернет, од стари ученбици по општество, ги реализираат целите според годишната програма и тие умеаат и можат.
Проектот бесплатни учебници ја чини државата многу, вели министерот за обраозвание. Дополнително на тоа се додаваат и еден милион и седумстотини илјади денари за препечатување на учебникот по Општество.
„До сега нас учебниците не чинеа околу 320, 350, 280 денари, зависи. Сега со овој нов систем учебниците не коштаат 80, 90, 100 денари максимум. Тоа се од 150-200 денари разлика, на 5 милиони учебници, тоа се 20 милиони евра годиншно.“
Реформите го уназадија образованието
Нашиот образовен систем е подложен на реформи кои траат веќе долго време. Во образованието постојано се менуваат одредени работи, се донесуваат едни правила, се укинуваат други, помпезно се најавуваат измени, кои потоа уште попомпезно се укинуваат. А сето тоа резултира со необразувани генерации, ученици кои на тестовите за проверка на знаењето, добиваат едвај преодна. И повеќе од јасно е дека системот некаде, затаил, дека образованието моли за реформи. Експертите велат се покажало барем досега дека одлуките за измени во образованиот систем се донесуваат без претходно да се направи вистинска анализа дали може да се оствари таа промена.
Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека се донесуваат 10 годишни стратегии кои предвидуваат реформи во образованието, а сето што е надвор од стратегијата го нарушува системот.
Оваа влада не ја почитува стратегијата за развој на образованието која што е донесена од ВМРО-вска влада и која е верификувана од сите меѓународни фактори, со тоа се нанесе голема штета. Она што набрзина се прави тоа значи дека е надвор од таа стратегија и од основните принципи на промени во образованието