Руралната општина Центар Жупа својот развој го гледа во селскиот туризам. Најпрво битно е да се надминат инфраструктурните проблеми.
Руралната општина Центар Жупа која во основа е печалбарска општина бидејќи над 50 одсто од населението е на печалба во западно Европските земји, а особено во Република Италија, својот развој го гледа во развојот на селскиот туризам.Прекрасната природа и убавите села даваат можност да се работи на развојот на овој вид на туризам. Покрај убавата природа има и населени места кои се познати и по културно историско значење. Во локалната самоуправа има повеќе проекти кои се поврзани токму со развојот на туризмот. Градоначалникот на оваа општина Мазлум Хасан е убеден дека постојат големи можности за развојот на туризмот.
„Развојот на општината го гледаме во селскиот туризам. Тука е селото Коџаџик од кое потекнува семејството на Кемал Мустафа Ататурк, таткото на модерна Турција. Во оваа селска населба се реализира проектот за спомен куќата на родителите на Ататурк кои се родени токму овде во оваа село. Но, воедно во оваа село ќе се реализираат и други проекти поврзани со уредувањето на селото и селската инфраструктура.“
За да се овозможи стабилен развој на селскиот туризам во Жупа на преден план локалната власт ги има и проектите посветени на заштитата на животната средина.
„Со цел да се заштити природната убавина во оваа рурална општина имаме реализирање на повеќе проекти за заштита на животната средина. За развојот на туризмот битно е да се заштити убавата природата во овој крај.“
За градоначалникот на оваа помала општина во западниот дел на Македонија, битно е да се надминат и проблемите со инфраструктурата особено со онаа патната. Наредните месеци се планира целосна реконструкција на регионалниот пат Мелнички Мост – Центар Жупа, кој во моментов има нагласени оштетувања, а се најавува и асфалтирање на патишта до две села кои не се асфалтирани.
„За главниот пат имаме техничка документација за реконструкција и се верува дека овие активности ќе се реализира идната година. Има две села кои имаат сеуште неасфалтирани патишта. Едното е селото Елевци кое има пат од 4,5 километри кој е трасиран, а наскоро ќе се попесочи и догодина ќе се асфалтира. Воедно ќе се асфалтира на почетокот на иднатата година и патот за селото Црнобоци кој сега е трасиран“, вели градоначалникот Хасан.
На средбите што ги имаше локалната власт со печалбарите во текот на оваа лето, повеќе печалбари искажаа интерес да инвестираат во сферата на туризмот. Локалната власт смета дека со инвестирањето во туризмот ќе се влијае во намалувањето на миграцијата на населението.
Развојот на општината го гледаме во селскиот туризам. Тука е селото Коџаџик од кое потекнува семејството на Кемал Мустафа Ататурк, таткото на модерна Турција. Во оваа селска населба се реализира проектот за спомен куќата на родителите на Ататурк кои се родени токму овде во оваа село.