Поради можноста од искористување за разни политички игри и негово етикетирање, новинарите решија да го одложат протестот.
Долго најавуваниот протест на новинарите за 8-ми септември е одложен. Сепак, новинарите велат од некаде мора да се почне и најавуваат низа активности за изразување на револтот предизвикан од деградирачкиот однос кон професијата.
Под мотото „За новинарството се работи“, група новинари ги повикаа своите колеги на обединување во активностите за подобрување на професионалните и социјалните услови во кои тие работат, за тоа што, како што велат, не може да се зборува за професионалнистандарди без социјални права. Новинарот Мишко Иванов вели дека е време за поголеми чекори кои ќе гарантираат социјална и професионална независнот на новинарите.
„Партиите на Илинденска се менуваат, се менуваат и газдите, но нашите проблеми остануваат исти. Доста е за платите во плик, за скратените годишни одмори, за бланко договорите, за неплатениот стаж, неисплатените дневници, бонови наместо плата. Доста е за притисоците, цензурата, автоцензурата, бизнис и политичките влијанија и сите други детали кои не понижуваат најпрво како работници, а потоа и како новинари.“
Новинарката Тамара Чаусидис вели дека ова симболично „востание“ има за цел обединување на новинарите за промени.
„Против молчењето, против пасивноста, ЗА професионализмот, ЗА професионалното помирување кое ни е неопходно, да престанеме да си гледаме „под око“ меѓусебно, да престанеме да си импутираме скриени агенди, ние овде немаме никаква скриена агенда. Сакаме силно Здружение на новинари, сакаме јавен сервис, сакаме синдикат.“
Поради можноста за искористување на протестот кој би се одржал на 8-ми септември во разни политички игри и негово етикетирање, иницијаторите за обединување на новинарите во Македонија сепак се одлучија ова „востание“ да претставува една продолжена серија на активности како трибини, дебати и разговори од човек на човек.
Долгогодишниот новинар и уредник, Зоран Бојаровски вели дека многу години веќе се зборува дека новинарството како професија го губи своето значење:
„Да стане дефинитивно една професија која ќе биде достојна за почит и самите да ја почитуваме и да се однесуваме кон неа така, бидејќи тоа почнавме веќе да го губиме како некакво сознание и кога тоа ќе го направиме на тој начин сигурно нема да оставиме простор така да се однесуваат и другите кон нас, без разлика од каде доаѓаат, дали се тоа политичките центри на моќ, бизнис центрите на моќ.“
Бојаровски додава дека за подобрување на состојбата потребно е паралелно да се работи на неколку стари проблеми.
„Пред се треба да се обедини енергијата во Здружението на новинарите, таму да се направат некакви јадра кои ќе работат паралелно на неколку од овие процеси, немора на сите треба да се направи тој приоритет, меѓутоа социјалниот статус, професионалните стандарди и некои од горливите теми како што е МРТВ и новинарите таму и некои други можат да се ’исфрлат‘ како приоритети и потоа да се решаваат во одреден период, а потоа да се седне на маса да се изберат некои други и да се продолжи понатаму.“
Како успешен пример за новинарски синдикати може да се погледне Хрватска, каде Синдикатот неодамна потпиша договор со најголемата новинска компанија во земјата. Договорот на новинарите им гарантира 5 работни дена, најмалку 19 дена годишен одмор, платена прекувремена работа, платено здравствено и животно осигурување, загарантирани професионални права и други права за новинарите и работниците во медиумите.
Под мотото „За новинарството се работи“, група новинари ги повикаа своите колеги на обединување во активностите за подобрување на професионалните и социјалните услови во кои тие работат, за тоа што, како што велат, не може да се зборува за професионални
Партиите на Илинденска се менуваат, се менуваат и газдите, но нашите проблеми остануваат исти. Доста е за платите во плик, за скратените годишни одмори, за бланко договорите, за неплатениот стаж, неисплатените дневници, бонови наместо
плата.
„Партиите на Илинденска се менуваат, се менуваат и газдите, но нашите проблеми остануваат исти. Доста е за платите во плик, за скратените годишни одмори, за бланко договорите, за неплатениот стаж, неисплатените дневници, бонови наместо плата. Доста е за притисоците, цензурата, автоцензурата, бизнис и политичките влијанија и сите други детали кои не понижуваат најпрво како работници, а потоа и како новинари.“
Новинарката Тамара Чаусидис вели дека ова симболично „востание“ има за цел обединување на новинарите за промени.
„Против молчењето, против пасивноста, ЗА професионализмот, ЗА професионалното помирување кое ни е неопходно, да престанеме да си гледаме „под око“ меѓусебно, да престанеме да си импутираме скриени агенди, ние овде немаме никаква скриена агенда. Сакаме силно Здружение на новинари, сакаме јавен сервис, сакаме синдикат.“
Против молчењето, против пасивноста, ЗА професионализмот, ЗА професионалното помирување кое ни е неопходно, да престанеме да си гледаме ,,под око" меѓусебно, да престанеме да си импутираме скриени
агенди.