Неопходно е чесно, доследно и јасно комуницирање со јавноста за развој и успех на компаниите и институцииите, велат оние кои се занимаваат со оваа професија. Односите со јавност во земјава се уште не се доволно развиени според истражувањето на Високата школа за новинарство и односи со јавност. Причината за ваквата ситуација е поради тоа што во општеството и кај раководните структури се уште не постои доволно разбирање за важноста на оваа професија, во државните институции не е доволно развиена свеста за значењето на транспарентноста во работењето, како и лошата организација и недоволната едуцираност на луѓето. Во Македонија односите со јавност станаа модерен тренд и има околу 400 луѓе кои се занимаваат со оваа работа, но се уште доволно не ја знаат нивната функција, вели Јордан Минов од една агенција за односи со јавност.
„Изминатите пет години се создаде еден тренд во македонските институции за формирање на оддели кои се нарекуваат за жал ,,односи со јавност“. Сите знаеме што значи тоа во пракса и за мене вулгарно кажано се само еден слепо црево што оневозможува подобра комуникација со институциите.“
Раководителот на оделот за односи со јавност во една компанија, Ленче Карпузовска вели дека сите сериозни компании знаат дека репутацијата се гради со децении, а може да се уништи за еден миг, затоа потребни им се луѓе задолжени за односи со јавност.
,,Институцијата од каде што јас доаѓам го има сватено значењето на функцијата за односи со јавноста и за значењето на креирањето на имиџот на компанијата, но не само на имиџот, затоа што пи-арот има уште поголема улога да ги штити бизнис интересите на компанијата во случај кога треба дефанзивно да се реагира, но исто така да придонесе и за раст на бизнисот.“
Потребна е стручна едукација на луѓето за да можат да ја извршуваат комуникацијата со јавноста на едно професионално ниво, а за тоа тие треба тие да имаат познавања од различни сфери од животот вели Лара Чашуле Гонев директор во агенција за односи во јавност.
„Совршената комбинација е образование, искуство и постојано усовршување. Тоа е формулата за успех во секоја професија, па нормално и во професијата за односи со јавност.“
Првата професија од ваков вид се појавила во Соединетите Американски Држави во 1903 година кога милијардерот Рокфелер сфатил дека има потреба од советници за комуникација со јавноста. Во Македонија оваа професија се практикува од деведесетите години.
Изминатите пет години се создаде еден тренд во македонските институции за формирање на оддели кои се нарекуваат за жал ,,односи со јавност“. Сите знаеме што значи тоа во пракса и за мене вулгарно кажано се само еден слепо црево што оневозможува подобра комуникација со институциите.