Достапни линкови

Помалку пари за реклами и пропаганда


Рецесијата си го прави своето / се помалку реклами
Рецесијата си го прави своето / се помалку реклами

Maркетинг индустријата го почувствува ударот на кризата. Во периодот пред празниците кога посебно се актуелни промоциите и репрезентативните материјали, упатените во бизнисот велат дека годинава се чувствува намалената побарувачка, особено од малите фирми.

Maркетинг и ПР индустријата го осетија ударот на кризата. Пред новогодишните празници кога посебно актуелни се празничните промоции и репрезентативните материјали, упатените во бизнисот велат дека годинава се осеќа намалената побарувачка, посебно од малите фирми. Сашо Пешев, сопственик на ПР агенција, вели дека интересот за ПР и маркетинг услугите посебно се намалува кај

Засега се уште не можеме да прецизираме колку се намалени тие буџети, меѓутоа, врз база на официјалните статистики на медиа мониторингот, се очекува падот да изнесува меѓу 30 и 40 проценти

малите и средни претпријатија, кои сочинуваат нешто повеќе од 80 отсто од македонскиот приватен сектор

,,Засега се уште не можеме да прецизираме колку се намалени тие буџети, меѓутоа, врз база на официјалните статистики на медиа мониторингот, се очекува падот да изнесува меѓу 30 и 40 проценти”.

Пешев додава дека намалениот интерес на долг рок негативно ќе се одрази на работата на фирмите

,,Веројатно ќе изгубите многу повеќе од пазарот отколку што реално би изгубиле заради кризата, а кога ќе треба да се вратите во добрите времиња кои сигурно ќе дојдат, вие ќе треба тоа да го направите со многу поголеми инвестиции”

Намален и е интересот за печатарските услуги. Се чини дека годинава фирмите ќе делат помалку репрезентативен материјал во форма на тефтери, пенкала и слично. Драган Алексиќ од печатарска фирма вели дека кризата си го направила своето.

,,Во однос на рекламниот и пропаганден материјал оваа година слушнавме барање тој да се намали за 40 отсто. Нарачки нема, се стагнира, рецесијата си го зема својот дел”.

Мислам дека помалите најмногу кратат, додека поголемите скратуваат помалку


Интересот е значително намален кај помалите фирми, додава Алексиќ .

,,Мислам дека помалите најмногу кратат, додека поголемите скратуваат помалку”

Константин Барзов, директор на кожна индустрија, вели дека годинава имало намалување на буџетот за рекламирање, но не на спонзорствата

,,Сите досегашни спонзорства на клубови и манифестации останаа, не можеш да се откажеш од нив”.

барзов вели дека догодина неговара фирма планира да вложи повеќе пари за брендирање на производството.

XS
SM
MD
LG