Се фаворизираат ли државните Универзитети?

Студенти

Денеска стартува трката за студентски индекси на петте државни универзитети.
Знаењето е моќ, знањето е сила. Со оваа кампања Владата сака да ги потикне матурантите да го продолжат своето образование во високо образовните институции. Денеска стартува и трката по студентски индекси, матурантите кои положиле државна матура ќе можат да конкурираат за запишување на петте државни универзитети. Уписите на дел од приватните универзитети се веќе во тек. Со намалувањето на патиципацијата, со зголемените квоти на државните универитети и постојаните кампањи за уписи на државните
Гледаме дека немаат ист третман приватните со државните универзитети, и државните помеѓу себе. Значи нема ист третман штипскиот со тетовскиот факултет, што значи дека треба да се смени стратегијата
факултети се наметнува прашањето дали се содаваат двојни аршини за државните и приватните универзитети. Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити вели дека последните промени во високото образование се популистички мерки и дека државата ги дискриминира дел од универитетите.

,,Гледаме дека немаат ист третман приватните со државните универзитети, и државните меѓу себе. Значи нема ист третман штипскиот со тетовскиот факултет, што значи дека треба да се смени стратегијата.“

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека државата нема ист третман кон државните и приватните универзитети но и не треба да има затоа што тие имаат различна улога во сиситемот и не се работи тука за слободна конкуренција.
Студенти

,,Таму државата финансира за нешто за што приватниот сектор и нема толку голем интерес, значи нетипично за приватниот сектор е студии за менаџмент итн, додека ваму се типични студии за државни службеници, за наставници, за инженери, она за што не постои интерес од другата страна. Оттука државата го обезбедува јавниот интерес на таков начин.“

Новковски смета дека не треба да се очекува ист однос но тој треба да биде правичен. Неодамна, министерот за образование Никола Тодоров во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека тој не прави разлика меѓу јавните и приватните универзитети и дека кон сите иам ист третман.Тој додаде дека со намалувањето на партиципацијата очекува повеќе матуранти да се запишат студии затоа што, како што вели Македонија има исклучително неповолна образовсна структура.