Бран поскапувања

Скопје

Лебот поскапе, а се најавува зголемување и на цената на парното и струјата. Граѓаните се жалат дека нема да може да го издржат ценовниот притисок.
Најниската цена по која може да се куп леб изнесува од 20 до 22 денари наместо досегашната од 18 денари во приватните пекарници. Иако незначително, последното зголемување се доживува како предупредување дека и во наредниот период нема да може да се почувствува здивнување од кризата. Врз ова влијае и претходната најава за зголемувања на цената на парното, а ваквата тенденција најмногу може да ги погоди социјално загрозените граѓани:
Во секој случај се чувствува. Еве се најавува поскапување на парно, на струја, така што кај пензионерите и 5 денари да е се чувствува поскапувањата.


„Тие што се со помали лични доходи не ќе можат да издржат. Така што треба да се преземат мерки.“

„Во секој случај се чувствува. Еве се најавува поскапување на парно, на струја, така што кај пензионерите и 5 денари да е се чувствува поскапувањата.“

Од пченицата и парното не може да се изведуваат заклучоци дали кризата ќе се продлабочува, односно ќе следува бран поскапувања. Тоа се сезонски производи односно потреби, посочуваат економистите:

Треба да видиме дали овој летен период бидејќи државата е претежно аграрен регион, дали ќе предизвика промени во економската активност во Македонија. Останува некаде во септември да ги сумираме резултатите и да видиме дали ќе се исполнат проекциите на БДП од 2 отсто.

„Корекцијата на цената на горивата предизвикуваат промени на доста производи. Треба да видиме дали овој летен период бидејќи државата е претежно аграрен регион, дали ќе предизвика промени во економската активност во Македонија. Останува некаде во септември да ги сумираме резултатите и да видиме дали ќе се исполнат проекциите на БДП од 2 отсто“, вели професор Зоран Ивановски.

Мелничарите, околу поскапувањето, се едногласни дека лебот е најевтин во регионот и дека со новите повисоки цени на пченицата до кои дошло и како последица на пожарите и поплавите во светот сигурно ќе има уште поскапувања. Но, македонските плати од околу 300 евра остнуваат најниски во регионот. Во последно време доцни и нивното исплакање. Засега стигнуваат само најави за можност од поткрепување на најсиромашните. Министерството за труд и социјална политика изработува програма за субвенцинирање на сите граѓани корисници на социјална помош. Оваа можност произлегува од новиот закон донесен лани кој предвидува владата да донесе соодветна програма за дадена ситуација:

„Ќе стартува т.н. енергетска сиромаштија, каде што ќе се добива до 10 евра субвенција по однос на огревното дрво, дали се користат дрва, струја итн“, изјави Душко Миновски од Министерството з а труд и социјална политика.

Програмата која треба да се примнува од септември предвидува сите корсиници на социјална помош да добиваат и надомест од 1000 до 1200 денари за дете кое треба да оди на училиште. Досегашната социјална политика на владата вклучи и отворање на СОС продавници, но нема маркети кои ги покриваат сите градови. Проектот како пилот функционира во Скопје, но корисниците најчесто живеат во париферијата, а не во центар и имаат трошоци околу превозот. Сето тоа ќе треба да се осмислува во иднина како да биде поефикасно.