(Не)почитување на еколошките стандарди

Слика од работењето на РЕК Битола

Експертите велат дека во Македонија се уште не може да се зборува за целосно почитување на еколошките стандарди.
Протести против загадувањето од рафинеријата Окта, Велес ја тужи државата перед меѓународен суд, жители на кичевско го блокираат пристапот кон термоелектричната централа Осломеј. Овие настани го покреваат прашањето дали во земјава се почитуваат еколошките стандарди и дали индустриските капацитети им го загрозуваат животот на луѓето кои живеат во нивна близина?
Што значи дека во моментот Македонија неможе да се справи со целосно менаџирање на отпадот кој се исфрла од големите индустриски капацитети, така на тој начин голем дел од урбаните средини стануваат еколошки неприфатливи.

Ристе Љуботенски, првиот човек во Македонија кој докторирал на социјална екологија, вели дека еколошките стандарди за справување со отпадот често не се почитуваат:

Загадување од термоцентралата Осломеј

„Што значи дека во моментот Македонија не може да се справи со целосно менаџирање на отпадот кој се исфрла од големите индустриски капацитети, така на тој начин голем дел од урбаните средини стануваат еколошки неприфатливи и неможат да го изградат оној праг на толеранција која природата може да го прима од отпадот што се создава од индустриските капацитети.“

Отпадот е потенцијален бизнис, смета Љуботенски:

„Покрај другото станува и голем бизнис насекаде во светот и во неговото менаџирање се кријат и огромни економски интереси.“

Најголема закана за животната средина во Македонија се затворените индустриски капацитети, смета Методија Саздов од Македонскиот зелен центар:
Иако државата е одговорна за нив, тие се или во стечај или не работат, и сепак не презема ништо бидејќи сето тоа чини многу пари.


„Иако државата е одговорна за нив, тие се или во стечај или не работат, и сепак не презема ништо бидејќи сето тоа чини многу пари. Од друга страна многу малку е видливо или видливоста носи политички поени.“

Големите индустриски капацитети се под директна супервизија на државата која ги усогласува стандардите со Европската унија. Помалите индустриски капацитети, пак, ги надгледуваат локалните самоуправи и тука има простор за проблеми, смета Саздов:

„Тука е проблем и што општините не се многу запознаени и со подготвување и со издавање на такви дозволи. Сеуште тие помали капацитети вршат некое загадување.“

Инаку, во последно време актуелен е протестот на жителите на Кичевско кои се жалат на труење со пепел од ТЕЦ Осломеј.