Намалена е можноста од појава на пожар на езерото Младост. Дванаесетмина млади луѓе доброволци, членови на противпожарното друштво Видра за времена викендите ќе патролираат.
„Ќе вршиме обиколка на езерото Младост. На највисокиот дел од езерото имаме подготвено материјали за да направиме посматрачница. Од таму има прегледност на целиот терен“, рече Љупче Лепидовски.
Доброволците противпожарникари доколку забележат пожар најанапред ќе се обидат самите да го изгасат, ноако има потреба напомош ќе ја повикаат и професионалната противпожарна единица, вели Димче Николов.
„Ние добро ќе го познаваме теренот, ќе се обучиме со децата, бидејки секојдневно ќе вршиме патроли на тој терен. Сметам дека ќе можеме да интервенираме доколку пожарот е од помал размер, ако е од поголем размер се знае, повикуваме служба и во соработка со нив делуваме и ние.“
Организирани во четири смени, противожарникарите доброволци велат дека желбата за здрава животна средина била пресудна тие да започната со оваа благородна работа.
„Мојот мотив пред се беше да се заштити оваа шума прекрасна убавина за Велес, ова езеро сите посетители да не бидат загрозени од опасностите кои ги носат пожарите.“
„Со самото тоа што вршиме патрола и обиколка на езерото, доколку се појави некоја опасност тука сме да реагираме. Тргнуваме од тоа да се заштитат викендашите и посетителите на Велешкото езеро“, рекоа Александар Лепидовски и Александар Ѓоргиев.
Освен заштитата на шумата од пожар, младите пожарникари-доброволци еколошки ќе ги едуцираат посетителите. Поставени се плакати, а на камперите им се делат флаери со препорака што да се направи доколку се забележи шумски пожар.
„Ќе вршиме обиколка на езерото Младост. На највисокиот дел од езерото имаме подготвено материјали за да направиме посматрачница. Од таму има прегледност на целиот терен“, рече Љупче Лепидовски.
Доброволците противпожарникари доколку забележат пожар најанапред ќе се обидат самите да го изгасат, но
Ќе вршиме обиколка на езерото Младост. На највисокиот дел од езерото имаме подготвено материјали за да направиме посматрачница. Од таму има прегледност на целиот терен