Меѓународната програма ГЛОУБ функционира како мрежа за образование на учениците од повеќе земји во светот, меѓу кои и Македонија, за подигнување на јавната еколошка свест, со што во време на брзи технолошки и климатски промени, им нуди реална слика на научниците за состојбите, за предвидување на можните текови и преземање на неоходните мерки за опстанок на нашата планета.
„Таа ги комбинира науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, со учество на околу 23 илјади училишта од повеќе од 111 земји во светот. Како таква, од самиот почеток во 1998 година, на наша радост и задоволство, таа наиде на голем интерес и прифаќање кајнаставниот кадар и кај учениците ширум училиштата во Македонија и во изминативе години бележи континуиран подем и остварува успеси достојни за почит“, вели Неџати Јакупи, министер за животна средина во Македонија.
Министерството за животна средина, заедно со министерството за образование и наука го реализира проектот ГЛОУБ низ повеќе предмети и активности во одредени училишта кај нас. Под познатото мото или златен стандард: „мисли глобално, делувај локално“, меѓународната мрежа ГЛОУБ е основана пред 15 години на иницијатива на САД.
„САД ќе им се придружи на глобалните напори за мобилизација на 100 милијарди долари до 2020 година за борба против климатските промени и за трансфер на чиста технологија која помага да се редуцира испуштањето на гасови во развиениот свет. Инаку, покрај ГЛОУБ, САД имаат и други проекти во Македонија. Како резултат на нашиот проект за рециклирање на пластика, инициран во 2005 гдоина, количината на пластични шишиња кои се рециклираат порасна значително, а со тоа се прочистија јавните простори како парковите и реките. Ние се гордееме со ефектите што оваа индустрија ги има врз животната средина и економијата во Македонија. Инвестиравме 1,3 милиони долари во поддршката за рециклирање на пластични шишиња во Македонија. Нашите проценки велат дека 5.000 лица заработуваат приход за живот преку собирање пластични шишиња и преку учество во активностите за рециклирање“, вели амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.
И покрај декларативните заложби и програми како ГЛОУБ, останува отворено прашањето колку во време на интензивна урбанизација и уништување на животната средина, таа истовремено може да се заштити, и колку во борбата со бизнис интересот и моќта на парите, човештвото ќе успее да ја зачува и спаси планетата земја од еколошка катастрофа како единствен дом на идните генерации.
„Таа ги комбинира науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, со учество на околу 23 илјади училишта од повеќе од 111 земји во светот. Како таква, од самиот почеток во 1998 година, на наша радост и задоволство, таа наиде на голем интерес и прифаќање кај
Таа ги комбинира науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, со учество на околу 23 илјади училишта од над 111 земји во светот.