Најавата на Премиерот Никола Груевски дека се размислува да ја зголемат старосната граница за увоз на половни автомобили, наиде на различни коментари. Увозниците на нови автомобили на тоа гледаат негативно, еколошките организации се загрижени за животната средина, експертите за сообраќај за безбедноста. Премиерот Никола Груевски изјави дека со одлуката треба да им се олесни на граѓаните да си купат автомобил, затоа што овие луѓе не купуваат стари автомобили затоа што сакаат туку затоа што немаат пари да си купат нов автомобил. А и ќе се решел проблемот со странски регистарски таблички. Додека власта прави анализи колку ќе биде старосната граница, дали тоа ќе биде 11, 12 или 13 години дистрибутерите на нови автомобили, тврдат дека со ваквата одлука власта им прави лоша услуга на граѓаните.
,,Кај нас нема таква логистика и развиеност за да може после тоа тие возила да се опслужуваат во Макеоднија. Тоа значи дека услугата која што после тоа граѓанинот ќе ја бара, на нашиот пазар нема да му биде овозможена."
изјави Златко Калеников, претседател на групација на импортери на нови возила.
Автоматските мерења на загаденоста на воздухот покажуваат дека најголеми аерозагадувачи се индустриските капацитети, старите автомобили кои користат неквалитетни горива, а во зимно време и топлификациските станици.Досега во земјава се користеа за увоз на стари возиле важеа Еуро 3 стандардите, кои предвидуваат помала емисија на штетни издувни гасови, сигурносни елементи и помала бучавост, а отсега ќе се бараат пониските, Еуро 1 и Еуро 2 стандарди. Од невладината организација ,,Проактива" велат дека нивниот генерален став е против користење на возила, особено на стари, но дека со оваа одлука нема битно да се влијае врз загадувањето на средината.
,,Ние и до сега имаме многу стари возила во Македонија и тоа не би придонело за екстремно зголемување на загаденоста, ниту се подобрува ниту се влошува досегашната состојба со загаденоста,"
вели инжинерот за животна средина Милан Неделовски.
Големата застапеност на старите автомобили се смета за причина за значителен број сообраќајни несреќи низ целата земја. Затоа пред неколку години се воведоа измени во законот со кој постарите возила мораат двапати годишно да се носат на технички преглед. Просечната старост на возилата по македонските патишта е меѓу 15 и 20 години.
Кај нас нема таква логистика и развиеност за да може после тоа тие возила да се опслужуваат во Макеоднија. Тоа значи дека услугата која што после тоа граѓанинот ќе ја бара, на нашиот пазар нема да му биде овозможена.
,,Кај нас нема таква логистика и развиеност за да може после тоа тие возила да се опслужуваат во Макеоднија. Тоа значи дека услугата која што после тоа граѓанинот ќе ја бара, на нашиот пазар нема да му биде овозможена."
изјави Златко Калеников, претседател на групација на импортери на нови возила.
Автоматските мерења на загаденоста на воздухот покажуваат дека најголеми аерозагадувачи се индустриските капацитети, старите автомобили кои користат неквалитетни горива, а во зимно време и топлификациските станици.
Ние и до сега имаме многу стари возила во Македонија и тоа не би придонело за екстремно зголемување на загаденоста, ниту се подобрува ниту се влошува досегашната состојба со загаденоста,