Состојбите во редовите на опозицијата, евроскептицизмот, измените на Законот за јавни набавки, теми што ги обработуваат дневните весници.
Дали некој го штима оркестарот на СДСМ, прашува Утрински, во насловот на изненадувачки критичниот напис по настапот и гласањето на опозицијата за интерпелацијата на спикерот Вељаноски, по барањето за интерпелација што самата го поднесе. Утрински забележува дека опозицијата собрала едвај 14 гласови од можни 21 и дека голем дел од ’елитните‘, како што вели, пратеници на СДСМ не биле на саботната седница. Прикриените внатрешни конфликти и натаму се продлабочуваат, а саботната седница сигнализира дека СДСМ и натаму ќе биде во проблематичен однос со гласачите во кој нема возбуда и меѓусебна привлечност, заклучува весникот.
„Актуелниот вицепремиер го нема ниту во Брисел, ниту дома и се губи во евроагендата“, пишува Време анализирајќи ја анемичната и неангажирана работа на Васко Наумовски, како вицепремиер задолжен за евроинтеграциите. Весникот наведува изјави на политиколози и аналитичари кои посочуваат дека земјава досега немала послаб кадар задолжен за ЕУ.
„Власта си обезбеди алиби за нерешавање на спорот за името, дури и со натамошно загрозување на евроатлантските перспективи на државата, со пласирањето на анкетата на Инситутот за политички истражувања нарачана од самата Влада, односно од Секретаријатот на Наумовски“, пишува Утрински. Инаку анкетата покажа загрижувачки резултати дека расте евроскептицизмот кај македонските граѓани поради нерешавањето на спорот со името.
Нова Македонија се занимава со теми од економијата и по владината одлука со измени на Законот за јавни набавки да го оддолжи рокот на исплата на државните долгови кон македонските фирми, прашува „Банкрот ич, малку или делумно?“ Истиот весник ја анализира и позицијата на јавниот обвинител Шврговски во текст со наслов: „Шврговски англиска кралица или нова будала“, забележувајќи дека откако изјави дека со измените во Законот за електронски комуникации, на МВР му се даваат преголеми ингеренции и праша кој ќе го прислушува Министерството - го нема во јавноста. Нова Македонија прашува дали тој со таа изјава, освен на министерот Маневски сака да му испрати и порака на својот пријател, директорот на УБК, Мијалков, дека не е англиска кралица ниту пак „новата будала“ според изјавата на неговиот претходник Прчевски, кој во септември 2005 год. изјави дека е „последниот будала што дојде на оваа функција“.
Вечер, пак, се занимава со протестите на стечајците за време на кои, иако регуларно пријавени, полицијата намерно, како што констатираа повеќе медиуми во земјава, не воспоставува посебен сообраќаен режим, па Скопје се среќава со невиден сообраќаен хаос и негативни реакции на возачите, па пишува дека „Прават хаос, го блокираат сообраќајот, а богами и напаѓаат“, напаѓајќи ги стечајците како главни виновници за метежот низ скопските улици.