Партиска манипулација со граѓаните

Плоштад Македонија

Политиката негативно се одразува врз секојдневниот живот носејќи омраза и поделби меѓу луѓето, сметаат граѓаните.
Откако ги проверија силите со митинзите во јуни и јули, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, преку своите штабови ја засилија меѓусебната реторика. Продолжуваат и префрлувањата за инцидентот во Собранието. Главно е прашањето каква слика за настаните добиваат граѓаните. Високите тонови во Парламентот, во јавноста, одекнуваат како битка за власт. Но, проблемот е во тоа што партиската реторика прозведува некои факти кои се потрајни од зборовите. Секој граѓанин може да биде приврзаник на партија, но проблем е
Нивните конфронтации влијаат негативно врз обичниот народ. За жал може да се забележат и поделби меѓу луѓе што се за ВМРО-ДПМНЕ и
СДСМ.
степенот до кој политиката почнува да го диктира секојдневниот живот. Ова може да се каже врз основа на контактите со луѓето:

„Нивните конфронтации влијаат негативно врз обичниот народ. За жал може да се забележат и поделби меѓу луѓе што се за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.“

„Тоа е веќе историја и не ни слушам веќе. Место да се сплотуваме, ние наопаку.“

„Препукувања кој ќе биде поголем Македонец, навистина апсурдно.“

„Мислам дека треба да постигнат консензус за сите прашања, ова што се случува не е во ред.“

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Ако партиите успеат со својата реторика до тој степен да ја антагонизираат јавноста ништо не направиле. Како што веруваат одделни аналитичари, политичката битка не е само забава за јавноста. Пример за таквиот негативен контекст во релацијата политика - луѓе беше тепачката на плоштадот во врска со идејата на владата да гради црква. Тука се гледа манипулацијата на партиите со граѓаните. За да
Значи недозволиво е партиски лидери, универзитетски професори и слично да користат речник кој е доста агресивен.
поентираат, партиите во вакви ситуации може да се каже дека веке ги злоупотребуваат луѓето за реализација на сопствените проекти или за да се оцрни проектот на противникот. Еден од проблемите, според политичкиот аналитичар Здравко Савевски е во недостатокот од политичка култура.

„Значи недозволиво е партиски лидери, универзитетски професори и слично да користат речник кој е доста агресивен. Значи прво мора лидерите да дадат пример и универзитетските професори што е политичка култура, па после и граѓаните тоа да го следат.“

Политичките партии ги користат сите средства па дури и верските заедници. Во албанскиот политички блок, овој период актулена е тамата со појавата на радикални структури во исламската верска заедница, а дел од јавноста посочува дека политичките партии се инволвирани и во овие случувања поради финансиски интерес или за да имаат поголемо влијание.

Може ли партиските конфронтации да биде причина за битни поделби меѓу луѓето? Аналитичарот Осман Кадриу повеќе е склон да верува дека настапите и специфичната реторика на партиите може да бидат причина за промени во односот на политичките сили:

„Овие натпревари помеѓу самите партии, сметам дека повеќе се одразува повторно врз нив и врз наводно собирање, ако можеме така да кажеме, на некакви политички поени од граѓаните, од електоратот, од базата.“