Препукувања наместо решенија

Препукувања наместо решенија, Бранко Црвенковски и Никоја Груевски

Експертите се согласуваат - препукувањата меѓу власта и опозицијата го оттргнуваат вниманието на јавноста од суштинските проблеми.
Препукувањата меѓу власта и опозицијата го оттргнуваат вниманието на јавноста од неколку суштински проблеми со кои се соочува државата, се согласуваат упатените. Додека од опозицијата организираат собири и ги бележат пропустите на власта, од владејачката
Кај опозицијата гледам желба да се покаже малку сила, а кај власта една мала нервоза поради ерозијата на нивниот рејтинг, имајќи предвид дека оваа власт е исклучително чувствителна на рејтингот и јавното мислење, а покажа дека е повеќе од способна оперативно да работи политички ПР и маркетинг.
партија, која има парламентарно мнозинство, ја обвинуваат опозицијата за создавање на немири во земјава. Станува збор за веќе видено сценарио, смета политикологот Петар Арсовски

„Значи, не е ниту топла вода, ниту ние сме го измислиле, ниту ќе престане. Кај опозицијата гледам желба да се покаже малку сила, а кај власта една мала нервоза поради ерозијата на нивниот рејтинг, имајќи предвид дека оваа власт е исклучително чувствителна на рејтингот и јавното мислење, а покажа дека е повеќе од способна оперативно да работи политички ПР и маркетинг. Така што овие случувања ги гледам во тој контекст.“

Можно е препукувањата да се користат за прикривање на реалните проблеми во Македонија, додава Арсовски.


„Таа тактика воопшто не треба да се исклучи како можност. Најголемиот проблем од кој ние бегаме е решението во спорот со Грција. Покрај тоа има и тековни проблеми, намален буџет, недостаток на пари, укинувањето на дел од проектот Скопје 2014 од Уставниот суд. Така што, воопшто не би ме зачудило овие проекти, односно овие препукувања да се тактика за дефокусирање на јавноста, но повторно тоа не е ништо ново.“

Комуникологот Сеад Џигал со слично објаснување на мотивите за вербалните пресметки на власта и опозицијата

„Граѓаните се соочуваат со конкретни проблеми, а и државата во целина. Значи, сите политички чинители мора да се фокусираат врз
Граѓаните се соочуваат со конкретни проблеми, а и државата во целина. Значи, сите политички чинители мора да се фокусираат врз нивно решавање.
нивно решавање. Ваков вид политички препукувања и би рекол расправии навистина не остваруваат никаква општествена функција во смисла на полезна политичка комуникација.“

Џигал вели дека, во изминатиов период, јавноста е сведок на фалична политичка комуникација

„Таа лоша политичка комуникација само ги турка на страна прашањата кои треба да се во фокусот на јавноста и да дадат отчет и власта и опозицијата, зошто тие прашања стагнираат, а некои дури и назадуваат.“