Дождовите го уништија јачменот

Во добар дел од Пелагонија годинава нема да има жетва на јачменот, зашто дождовите и големата влага го уништија родот.
Онаму каде што оваа житна култура успеа да опстане, приносите ќе бидат минимални - околу 2 тона по хектар, што е на пола од минатогодишните. Фармерите прогнозираат дека заради намалените приноси ќе расте цената на сточната храна, па не ќе можат да ја
Се е само трева и по некој клас. Таму нема сметка ни комбајн да се пушти.
прехранат стоката, а тоа ќе влијае на квалитетот на млекото. Тие не паметат полоша хидролошка година од оваа во последната декада.

„Кај јачменот и пченицата што се сеат овде нема клас. Врз тоа најмногу влијае водата. Нема род, тој гини и се суши. Наместо јачмен расти трева класатка како што ја викаме ние. Посебно во Новачко Поле кон Рибарци и Добромири, тие се веќе сосема уништени, ретко да има останато печница или јачмен на некои делови кои се повисоки, инаку другото е сто на сто уништено. Се е само трева и тек-тук по некој клас. Таму нема сметка ни комбајн да се пушти“,
Кај јачменот и пченицата што се сеат овде нема клас. Врз тоа најмногу влијае водата. Нема род, тој гини и се суши. Наместо јачмен расте трева.
вели Јовица Талевски, еден од најголемите производители на јачмен во Пелагониско.

Од подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола потврдуваат дека годинава приносите ќе бидат катастрофални.

„Приносот, за жал се очекува да се намали, зашто годината беше многу влажна. Кај пченицата се очекува 3,5 тона по хектар, ако кажам за јачменот дека се очекува од 1,5 до 2 тона просек по хектар јачмен е многу мала количина. Но, за жал тоа е тоа“, вели началникот на подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски.


Во Пелагониско, со јачмен беа засадени околу 6000 хектари. Од година во година има се помалку обработливи површини под оваа култура зашто нема организиран откуп. Тој се изведува стихијно по ниска откупна цена од 7 до 8 денари. Сточарите ја произведуваат за домашните потреби, а преработувачите ја увезуваат. Годишните потреби од јачемн во државата се проценуваат на 150 000 тони. Најголемиот дел од нив претежно се увезуваат од Бугарија и Србија по пониски цени, а родот на нашите земјоделци чека по амбарите до март или април идната година, период кога се јавува недостиг на оваа храна и расте побарувачката.