Околу 30.000 евра се загубите на 10-членото земјоделско семејство Тошески од прилепското село Сенокос, поради непредадените повеќе од 100 тони жито од ланската реколта кои се складирани во домашните амбари. Шеесетгодишниот Цветко Тошески, кој цел живот се занимава со оваа работа, вели дека не памети некогаш житото да се откупувало по пониска цена од сегашната која изнесува 7 денари за килограм. Тошески посеале жито на 40 хектари државно земјиште, за кое плаќаат кирија од 4000 евра, а произвеле 300 тони. Двесте некако ги предале, но поради екстремно ниските откупни цени, тие сега трпат огромни загуби.
„Две и пол илјади по декар не кошта значи работата. А, ние што земаме? Земаме 250 килограми, 250 килограми по 7 денари, кој ќе ни ги признае загубите на 7 денари? Прифатливата цена, под 13 денари да не биде килограм пченица. Па да може земјоделецот да опстане, да може да се произведува, ако сака државата да има сопствена храна“, ги прави револтиран анализите Тошески.
За да биде маката уште поголема, како што вели синот Зоран Тошески, сега ниту по најниска цена, откупувачите не го преземаат лебното зрно. Државата не презема мерки за заштита на домашното производство, па мелничко-преработувачките фирми увезуваат според него жито со помал квалитет, но и по многу ниски цени, кои ќе ги уништат индивидуалните производи. Оваа ситуација е крајно ризична за семејството Тошески, бидејќи ги демне опасноста пченицата да скапи во амбарите.
„Два –триесет илјади евра загуба. Тоа што калира, што го јадат глувци, сега ќе се стопли времето, може да се расипе, а условите за чување не ни се најсоодветни, со зголемување на температурите ќе проработат инсекти во него, можно е и да гоисфрлиме“, вели Зоран Тошески.
Но, не само со ланската реколта, поради неодамнешните поплави ова семејство трпи штети и од есенската сеидба, посеана на двојно помали површини. Родот не никнал на многу места, а не може ни да се подготват нивите за пролетната сеидба, зашто со месеци дождовите не прекинуваат.
„Не очекуваме никаков принос оваа година, оваа година е катастрофа, уште поголеми загуби“, вели загрижен Цветко Тошески.
Маката на ова земјоделско семејство, без ниту еден вработен ја живеат и многу индивидуални производители во соседните села: Вранче, Костинци, Заполжани, Ропотово... Сите се сеќаваат на периодот од пред 10-тина години кога трошоците за производство биле неколкупати помали, а житото се откупувало по цена од 10 денари за килограм. Сега оставени сами на себе, велат земјоделците интензивно размислуваат да се преориентираат на тутунопроизводство.
Земаме 250 килограми, 250 килограми по 7 денари, кој ќе ни ги признае загубите на 7 денари? Прифатливата цена, под 13 денари да не биде килограм пченица. Па да може земјоделецот да опстане, да може да се произведува, ако сака државата да има сопствена храна.
„Две и пол илјади по декар не кошта значи работата. А, ние што земаме? Земаме 250 килограми, 250 килограми по 7 денари, кој ќе ни ги признае загубите на 7 денари? Прифатливата цена, под 13 денари да не биде килограм пченица. Па да може земјоделецот да опстане, да може да се произведува, ако сака државата да има сопствена храна“, ги прави револтиран анализите Тошески.
За да биде маката уште поголема, како што вели синот Зоран Тошески, сега ниту по најниска цена, откупувачите не го преземаат лебното зрно. Државата не презема мерки за заштита на домашното производство, па мелничко-преработувачките фирми увезуваат според него жито со помал квалитет, но и по многу ниски цени, кои ќе ги уништат индивидуалните производи. Оваа ситуација е крајно ризична за семејството Тошески, бидејќи ги демне опасноста пченицата да скапи во амбарите.
„Два –триесет илјади евра загуба. Тоа што калира, што го јадат глувци, сега ќе се стопли времето, може да се расипе, а условите за чување не ни се најсоодветни, со зголемување на температурите ќе проработат инсекти во него, можно е и да го
Два –триесет илјади евра загуба. Тоа што го јадат глувци, сега ќе се стопли времето, може да се расипе, а условите за чување не ни се најсоодветни.