Водата од реката Вардар на неколку пати во изминатите недела дена се излева од коритото поплавувајќи ги куќите и обработливото земјиште во тетовските села Раотинце, Туденце, Копанце и Сиричино. Причинети се големи штети зошто е уништено се што имало по нивите, се жалат мештаните кои претежно се занимаваат со земјоделие.
„Куќите ни се под вода и ливадите, се.“
„Нагло одеше и незнаевме што побрзо да дигаме. Два коша со пченка се тука, пет-шест тона имаме пченка, еден тон жито, кокошки, пилиња се ни се удавија.“
„Порано немало вака, сега ќе се подавиме.“
Во сите села сега луѓето се справуваат со проблемите. Со помош на пумпи, водата се испумпува од дворовите, а поставени се и нови вреќи со песок за да се спречат нови излевања на реката Вардар на најкритичните места. Различни се ставовите за причините за поплавите. Граѓаните сметаат поплавите се случуваат поради испуштањето вода во Вардар од Мавровското езеро.
„Маврово е најголемата причина, ја пуштаат браната, ни ја пуштаат водата. Село Ротинце е под вода.“
Надлежните ги уверуваа мештаните дека мало е влијанието на испуштањето на водите од езерото во реката односно дека се е поради интензивните врнежи и топење на снегот кои го зголемија водостојот на сите притоки на Вардар. Директрот на ЕЛЕМ, Владо Чинговски, вели дека ги запреле три од 4-те турбини кои пропуштаат вода во Вардар.
„Во моментов работиме со намален истек на вода од хидроцентралите се со цел да помогнеме во санирањето на овие проблеми што ги гледаме тука.“
Според директорот на Центарот на управување со кризи Тони Јакимовски, состојбата може да ескалира доколку не се испушта вода од Маврово.
„Мавровското езеро се има покачено за околу 22 сантиметри и е на 1,5 метри пред излевање, ако дозволиме да се излее Мавровското езеро ќе имаме поголема штета.“
Избегнување на поплавите во тетовско е можно со регулација на Вардар. За проектот се потребни 6 милиони евра.