Достапни линкови

Успешна жена фармер


Горица Богеска
Горица Богеска

Ја доживува сличната судбина на многумина работници во транзицијата. Но прилепчанката Горица Богеска решава да не тагува, туку да се фати со работа. Денеска е сопственик на успешна живинарска фарма.

48 годишната прилепчанка, Горица Богеска е дипломиран биолог. Пред години работела времено како професор во средно училиште, а подоцна имала и раководна функција во „Рибникот„ на поранешниот ЗИК-Прилеп. Но, ветровите на транзицијата оваа жена ја оставиле без сигурна егзистенција. Пред пет години со приватизацијата Богеска и покрај своето знаење и искуство останала без работа. Но, не дозволила да падне во очајување и да ја живее меланхоличната судбина на стечаен работник. Напротив таа е автентичен пример дека ако човек не е оптоварен со титули и функции и ако вредно и трудољубило работи и во овој неповолен стопански амбиент, ќе најде
Да не се откажуваат од своите креативни мисли,дека мислам секако напорната работа дава резултати, во секоја работа па и оваа ризик, меѓутоа животот продолжува натаму и мора да се вложуваат напори, овој период на транзиција да се помине
професионална реализација. Денес таа е сопственик на живинарска фарма, каде со семејството одгледуваат по 10.000 бројлери во 6 турнуси годишно.

,,Овие 5 години веќе работиме со средства, кредитирани преку комерцијални кредити, кои се со високи камати, така да не е лесно, меѓутоа не се откажуваме од оваа работа, затоа што тоа е фактички егзистенција на фамилијата."

Вели Богеска. Одгледувањето бројлери вели оваа жена фармер е многу одговорна и напорна работа. Во текот на 40 дена колку што трае еден турнус, за квалитетно производство неопходен е интензивен 24 часовен ангажман, така што нема доволен одмор, ниту редовно спиење. Целиот живот и е посветен на работа, нема простор за приговор, зашто и најмала грешка може да доведе до големи последици, кои ќе резултираат со парични загуби.

,,Дење не толку, меѓутоа за ноќе е поприлично напорно, затоа што секој половина час се влегува и излегува, меѓутоа ние работиме како фамилијарен бизнис, така да се префрлаат оптеретувањата од еден на друг."

Објаснува оваа жена фармер. Иако целосно е посветена на работата, таа наоѓа време и за задоволување на своите духовни и интелектуални потреби. Во растојанието од еден до друг турнус кој трае најмногу еден месец, додека се врши темелна дезинфекција на фармата, Богеска вели ги чита своите лектири. Таа редовно оди на театар, има време за пријателите. А, кога ќе дојде време за нов турнус се враќа со максимална посветеност на тукушто изведените пилиња. Вели работата не и е товар, ја работи со љубов, и при секој успешен турнус се чувствува реализирано во својата професија. Затоа на сите луѓе, а особено на невработените млади им препорачува.

,,Да не се откажуваат од своите креативни мисли,дека мислам секако напорната работа дава резултати, во секоја работа па и оваа ризик, меѓутоа животот продолжува натаму и мора да се вложуваат напори, овој период на транзиција да се помине."

Советува Богеска.Условите за стопанисување во оваа дејност според нејзина оценка може да се подобрат доколку се намали цената на концентратот, или пак се сруши монополот за откуп и дистрибуција на свежо пилешко во државата. Па со субвенциите од 25 денари за пиле може да ја зголеми досегашната инвестиција од 50.000 евра. Инаку, фармата на Богески е една од шестте живинарски фарми во државава.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG