Страв од губење на работното место, намалена плата, навреди, казни, дискриминации... Сето ова предизвикува стрес кај вработените и заболувања, при што најчести се кардиоваскуларните болести, дијабетис и нервни проблеми.
Се повеќе работници во државата страдаат од здравствени проблеми како последица на стресот што го претрпуваат на работните места, беше истакнато на неодамнешната трибина за заштита на работничките права одржана во Битола. Страв од губење на работното место, намалена плата, навреда, казни, дискриминации, понижувања, кавги, ограничени рокови, преоптовареност... Сето ова предизвикува стрес кај вработените. Психијатарот Михаил Левенски критикува.
„во многу институции создадовме несоодветни односи, емотивните нешта ги изоставивме, ја гледаме перфектноста на предметот и материјалот, на заработката, а не на човечноста.“
Тој посочува дека ништо во светот толку стаклесто не го крши срцето како стресот, кој е чест предизвикувач на кардиоваскуларни заболувања. Подолгата изложеност може да предизвика и нервни проблеми, исцрпеност, немотивираност и слаб имунитет.
„Сега секој втор или трет може да се рече дека има зголемен крвен притисок, проблеми со срцето, техикардија. Секој е со разболување на желудникот. Секој петти или десетти со дијабетес.“
Левенски посочува дека стресот на работното место повеќе ги погодува жените отколку мажите.
„Имаме одредена категорија која многу повеќе страда. Тоа се жените кои во еден несоодветен работен однос таму каде што се злоупотребува положбата имаат до 20 проценти поголема појава на карционом на дојка од жените во оние институции кои ги немаат овие проблеми.“
Сепак, наспроти ваквите состојби, работниците ретко зборуваат за стрестот на работа. Тој тешко се докажува, а и тужбите за мобинг се уште се бројат на прсти.
Сека секој втор или трет може да се рече дека има зголемен крвен притисок, проблеми со срцето, техикардија. Секој е со разболување на желудникот. Секој петти или десетти со дијабетес.