Достапни линкови

Работниците се соочуваат со МОБИНГ


Работници во фабрика
Работници во фабрика

Сојузот на синдикати ќе бара од владата да донесе посебен закон за Мобинг. На Мобинг или психичкото малтретирање на работното место се изложени половина од работниците во Македонија, а најчесто притисокот го вршат претпоставените.

Половина од вработените од земјава се изложени на Мобинг или психичко малтретирање на работното место. Најмногу оваа појава се забележува во здравството и образованието, а најчесто притисок врз работниците вршат нивните претпоставени. Според истражувањето на сојузот на синдикати мобингот зема се поголем замав и се одразува врз здравјето и безбедноста на вработените, затоа ќе бараме од владата да донесе посебен закон за Мобинг, вели Инда Савиќ од синдикатот.

,,Ние предлагаме да има посебен закон бидејќи вакви закони има и во другите држави и од она што ние го имаме согледано, во државите
Ние предлагаме да има посебен закон бидејќи вакви закони има и во другите држави и од она што ние го имаме согледано, во државите каде што има таква законска регулатива има поголеми резултати во однос на заштита од Мобингот
каде што има таква законска регулатива има поголеми резултати во однос на заштита од Мобингот."

Доколку работниците во една фирма се изложени на постојан мобинг тоа ќе има влијание не само врз нив, туку и врз работата и напредокот на фирмата вели Савиќ.

,,За оваа појава е потребно да се запознаваат и едуцираат покрај вработените и менаџерите и раководителите за обезбедување на подобри услови. Менаџементот треба да обезбеди услови за образование и тренинг на вработените и да ги поддржи нивните напори за самостојно, одговорно и иницијативно работење, доколку сакаат да остваруваат подобар профит."

Жртвите, помош од психолог сега за сега може да побараат само на веб страницата Мобинг точка ком. Една од главните причини за психичкото малтретирање според нив е политичката припадност, како и некоректниот однос на работодавачот, силната конкуренција и љубомората вели координаторот на психолошкото советувалиште Лидија Павиќ. Тие ќе организираат и предавања не само да ги заштитат вработените, но и да ја подигнат свеста кај работодавачите.

,,Нашата цел е всушност, промовирање и градење на култура која што ќе биде афирмирана и ќе биде позитивна во самата работна средина, а воедно ќе придонесува и за поголема продуктивност во самата работна средина. Ние сметаме дека подеднакво за ова прашање треба да бидат заинтересирани и работодавачите за да имаат увид што им се случува во работните средини."

Во соседните земји закон за мобинг има само во Хрватрска, а наскоро ваков закон треба да биде донесен и во Србија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG