Реконструкција на прилепскиот театар

Прилеп

Министерството за култура одобри средства за реконструкција на старата, крајно руинирана зграда на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. Најдоцна за еден месец, според најавите, ќе блесне ентериерот на театарската куќа.
Министерството за култура одобри средства за реконструкција на старата, крајно руинирана зграда на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. Освен милион и 114 илјади денари од државната каса и Центарот за култура ќе оддвои сопствени средства за да се заокружи инвестицијата која ќе го спречи целосното распаѓање на објектот, во кој што со децении ништо не е поправено. Но, најдоцна за еден месец, според најавите, ќе блесне ентериерот на театарската куќа, гримиорните, сцената, едноставно целиот објект ќе биде комплетно реновиран. Конечно, прилепскиот ансамбл ќе работи во адекватни услови согласно стандардите за оваа уметност, а театарскиот аудиторум ќе може да ги следи се поуспешните изведби на уредена сцена.

„Ќе направиме стварно една реномирана, респектабилна куќа која ги исполнува сите услови за непречено одвивање на уметничкиот момент, уметничкиот дел со кој се нормално се третира театарската уметност“, ветува Тони Чатлески, директор на прилепскиот Центар за култура.
Ќе направиме стварно една реномирана, респектабилна куќа која ги исполнува сите услови за непречено одвивање на уметничкиот момент, уметничкиот дел со кој се нормално се третира театарската уметност.

Илустрација: Театар

Реконструкцијата на објектот според Чатлески е императив за Центарот, зашто има огромна историска вредност за Прилеп.

„Тоа била зграда на првото кино во Република Македонија, значи во Прилеп, 1917 година е пуштено првото кино. Ентузијастот Пане Напе го стартувал со филмот „Дамата со камелии“, така да ние од историски аспект мораме да даде респект на оваа зграда и не можеме туку-така да ја напуштиме и заслужува да биде реконструирана и реновирана.“

Директорот Чатлески тврди дека и покрај инвестициите за санирање на стариот објект, Центарот не се откажува од намерата за изградба на нова современа театарска куќа. Тој потенцира и дека со ребалансот на буџетот преку Министерството за култура ќе се вработат и петтемина млади актери со што конечно ќе се доекипираа оваа театарска куќа.

„Се работи за 5 актери кои се дипломирани и кои стварно заслужуваат да бидат редовно вработени затоа што сето она што досега го направија, со минимални средства го одработија, ентузијастички. И нашата куќа заслужува затоа што имаме само 11 актери вработени на платен список. Тоа е за еден театар, со таков потенцијал, стварно малку.“

Според Чатлески, овде не завршуваат инвестициите во прилепскиот театар. Министерството им ветило две нови инвестиции за в година, па сега се размислува кои се приоритетите на оваа куќа.