Достапни линкови

,,Кавкаски круг со креда" во прилепскиот театар


центарот на Прилеп
центарот на Прилеп

Претставата „Кавкаски круг со креда“, работена по текст на Бертолт Брехт, а во режија на Мартин Кочовски беше првиот проект на прилепскиот театар годинава, но и најамбициозниот проект што досега го имал овој театар, а според очекувањата и најдоброто нешто што му се случило на македонскиот театар воопшто.

Премиерата се одигра, публиката остана без здив, восхитена од ова чудовиште претстава како што милува да ја нарече режисерот Кочовски. Претставата се заснова на колективна игра со повремени сола и осцилира меѓу не многу познатите жанрови во Македонија, од една моќна лична драма до една семиотичка политичка опера. Текстот на Брехт иако е пишуван пред 60 години, тој кореспондира со сегашноста, зашто го третира проблемот на сопственоста на едно парче земја. Кому таа му припаѓа, на староседелците или на новодојдените луѓе? Метафорично тоа парче земја е една држава и гледано од денешен аспект вели Кочовски тоа е она што нам ни се случува во Македонија.
Значи претставата не ја води публиката во некоја насока, туку напротив отвора деликатни прашања во вистинското место, вие ке ги осетите и емотивно и рационално тие прашања како се појавуваат, но претствата не нуди одговор


„Допирни точки нема со политиканство, има со реалната ситуација во Македонија што се случува. Претставата доволно тоа јасно го поставува, а тоа прашање е доволно јасно и радикално. Значи претставата не ја води публиката во некоја насока, туку напротив отвора деликатни прашања во вистинското место, вие ке ги осетите и емотивно и рационално тие прашања како се појавуваат, но претствата не нуди одговор“, вели режисерот Кочовски.

Во претставата играат трите генерации актери на прилепскиот театар, но најбројни се младите. Евидентна е актерската виртуозност, подготвеност и свесност да се игра еден толку сложен проект. Партнерството меѓу актерите не се одвива само на енергетско и уметничко туку и на физичко ниво,кое ја исклучува и најмалата грешка во актерската игра.

„Ова е најголемата одисеја што јас сум ја имал во театарот. И кој и да има било каква, барем 20 отсто, дел од оваа одисеја што ние ја имавме мислам дека ќе беше многу побогат во својот живот, а и во уметноста воопшто“, импресионирано зборува актерот Игор
Ретко кој театар се зафаќа со ваков проект. Навистина не знае човек дали да биде среќен или тажен за една ваква ситуација. Додека во другите театри си прават проекти со тројца со четворица актери, камерни сценички и не знам со едно куферче сценографија и костими, ние се зафаќаме со проект во кој што влегуваат 20 актери на сцената.
Трпчески.

Според раководителот на прилепската театарска куќа Стојан Дамчески овој е врвен проект.

„Ретко кој театар се зафаќа со ваков проект. Навистина не знае човек дали да биде среќен или тажен за една ваква ситуација. Додека во другите театри си прават проекти со тројца со четворица актери, камерни сценички и не знам со едно куферче сценографија и костими, ние се зафаќаме со проект во кој што влегуваат 20 актери на сцената.“

Богатата и сложена сценографија во претставата ја работеа Филип Јовановски и Јулија Војкова Нојман, која што исто така ги изработи и костимите.Групата Фолтин е задолжена за музиката. Овој исклучително сложен и амбициозен проект на прилепскиот театар е подготвуван 3 месеца, дејството се случува во 13 чина, во кои што е вложена,огромна интелектуална енергија, труд, волја, но и физичка сила на 20-тината актери. По премиерната изведба „Кафкаски круг со креда“ ја очекуваат серија гостувања.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG