Гостин во денешното интервју е Сашо Миленковски, режисер и актуелен директор на МНТ. Морам да ве прашам, во која од овие две улоги се чувствувате покомотно?
Па ниту едната ниту другата неможат да се поврзат со зборот комотно, особено оваа втората – директорската затоа што во текот на денот имам обврски кои што немаат никаква врска со мене, ниту со режија, ниту со театар, имаат врска со прагма, обични работи, а всушност од друга страна се неопходни за да може еден театар да функционира. Поголем дел од работите се интендантски, немаат врска со уметност, доминираат практичните работи.
Во овој денешен контекст важна ни е една ваша изјава. Вие рековте дека ќе го исчистите театарот од партиска контаминација меѓутоа голем дел од приказните околу вас имаат точно таква конотација во овие неколку години колку што сте директор на МНТ. Мислам на одредени медиумски, па и судски битки кои што ги водевте со одредени ваши колеги?
Многу наскоро ќе се истрошат, ќе се истроши смислата на политичко валкање на културата воопшто, а од друга страна јас сватив дека треба само да издржиме, треба да се работи вредно, треба да се создаваат вредности, треба да имаме поддршка само од една ,,политичка“ структура, а тоа е публиката, друга приказна нема.
Мора да признаете дека најголем дел од таа војна на секој против секого во ова општество потекнува токму од партиските табори. Имате ли свесност за таа мана на нашиот партиски живот?
Знаете што е најстрашно? Во право сте дека во партиските табори, што и да значи тоа, се прават и се готват главните медиумски манџи, но знаете што е интересно? Ако погледнете огромен број на интелектуалци ќе ви кажат дека всушност тие независно настапуваат, се подготвуваат работите во табори, а од друга страна се глуми една независна интелектуална јавност. Во таа трагикомична ситуација, гротескна ситуација практично, дури и во медиумите тоа го гледам, носители на медиуми, сопственици на медиуми кои говорат во името на јавноста, а нивниот интерес е бакалски и не ја напушта рамката на обична пиљара. Така што кога се меша, пиљарство, политика и култура се добива голем дел од македонската стварност.
Ви пречи ли што сеуште е потребна партиска книшка за да се застане на чело на одредена институција од областа на културата?
Се надевам дека во иднина нема да биде битна партиската книшка за да се биде директор. Јас имам партиска книшка оддамна, бидејќи тоа е моја определба. Партиската определба е интимна, но таа не е клуч. Претпоставувам дека ја знаете мојата биографија, знаете дека имам освоено преку 50 награди што овде на Балканот може да се освојат, меѓутоа тоа нема никаква врска со партија, туку со театарска дејност и некако донесов погрешна одлука пред четири години дека можеби е добро да ја земам институцијата и да ја направам и уште се злопатам заради таа моја одлука и ќе видам што ќе направам во иднина по тоа прашање... Се прашувам дали згрешив, дали овие четири години што ги поминав тука се изгубено време од аспект на мојата професија, од друга страна пак гледам дека некои работи се променија на подобро, па си велам можеби и не згрешив, така што вагам бидејќи токму сега ми завршува мандатот, па вагам што направивме и што ќе направиме. Меѓутоа не сметам дека театарската дејност треба да има политичка припадност, априори и ако има тоа е негова интимна работа и не треба да се меша.
На сите страни во тој поширок општествен контекст, за кој што зборуваме, се страда од суета. Како да им помогнеме на суетните да пораснат и тој општ интерес да го стават над себе си?
Така што ќе им опишеме дека Македонија е многу мала, дека не собира толку многу суети на едно место, дека мора малку да се поспастрат, макар да пуштат суета во рамките на еден двособен стан, не толку многу надвор.
Од друга страна се чини дека единство ни е попотребно од било кога и сега не сакам да звучам носталгично кон театарските дејци од почетокот на минатиот век, но може ли театарот од нашево време да помогне во изградбата на едно такво единство за клучни битки?
Единство навистина ни треба повеќе од било кога. Треба барем пет прашања по кои сите мислиме еднакво. Стално ако се сеќавате, а тоа сме го третирале многу пати и во театар, темата на предавството, темата на различни интереси, едни свртени према Белград, други свртени према Софија, трети незнам каде... Како и да е, луѓето мора еднаш да се свртат према дома, нема веќе што да се продава, доста ја продаваа македонската тажна приказна за бедни роднини на околниве земји, заврши тој период, сега мора малку да поработиме на своето достоинство, да почнеме да се пребројуваме, да видиме кои сме, да се регистираме едни со други, да ги намалиме суетите, малку да се смири целата работа и да видиме што ќе правиме, сега живееме во многу, многу комплицирано време, тоа бара многу прецизни ставови по многу работи.
Во изминативе години од осамостојувањето, карактеристично за нашиот театар беше некакво трагање по сопствениот идентитет. Мислите ли дека денеска тој е поблиску до пронаоѓањето на тавкиот свој идентитет?
Театарот е по една од своите дефиниции безконечна и безуспешна потрага по сопствениот идентитет, бидејќи во оној момент кога театарот ќе го пронајде својот идентитет веќе не е добар, веќе е мртов. Значи тој мора постојано да е во безконечна и безуспешна потрага по својот идентитет и само тогаш е добар. Значи театарот не треба да го најде својот идентитет, ниту пак оние што директно го произведуваат театарот како смисол, но театарот многу помага да публиката го почувствува духот на времето во кое живее и амбицијата на уметникот што се занимава со театар треба да биде токму таа, да го зароби духот на времето во кое се живее, да го сугерира на публиката и по можност ако е гение да ја антиципира иднината евентуално. Значи, театарот има навистина силна мисија како последица, како суштина, како внатрешна потрага по идентитетот, најдобро да е безуспешна.
Ќе помогне ли театарот да ја најдеме смислата, да ги решиме бројните апсурди во кои што сме навлезени и да изгради некакви цврсти репери за вистинските вредности?
Ќе помогне само доколку уметниците што прават театар имаат таква амбиција да помогнат, да утврадат, да востановат некаков квалитет. Знаете како, она што кај нас е важно, мислам дека таа контаминација на политиката е многу важно да ја тргнеме. Политиката која се наметна како најбрз сервис, не само што е доминантна таа е доминантна во доменот на медиуми, во ваша емисија да дојде политичар таа веднаш е позабавна, затоа што има силен контекст итн. Замислете да викнете некој добар кардиолог кој што направил феноменална операција, која што е неверојатно ретка, никој нема да ве гледа. Па замислете колку е испревртена стварноста, колку е ирелевантно да бидеш добар професор по филозофија да речеме. Кој свет го правиме ние, што правиме? Политиколошки свет правиме ние!? Значи политиката е единствената призма, друга нема. Единствени наочари со кои што се набљудува оваа јавност е политиката и тоа е жално. Жално е за луѓево, за младиве, за сите што ја набљудуваат на тој начин таа стварност. Сиромашни се во духот и прават непоправливи лузни во својот развој.