Туристичката сезона во Охрид годинава послаба од лани?

Охрид

Ако денот се познава по утрото, а туристичката сезона по посетеноста за првомајските празници, очекувањата во Охрид се дека веројатно ова лето ќе има помалку гости од лани. Неколкуте илјади туристи кои минатиот празничен викенд го живнаа крајбрежјето и ги исполнија рестораните, кафулињата и дел од сместувачкиот сектор барем за два дена, навестија дека граѓаните од Македонија, Србија и регионов најверојатно ќе се најчести гости и во сезоната.
Економската криза и неприлагодувањето на Охридските хотелиери и угостители кои за разлика од оние во Грција, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција, се уште не ги намалиле цените, сепак се слабо привлечни за туристите.
Планираме полека да ги вратиме Холандските туристи кои порано во Охрид доаѓаа и по 50-60 илјади. Им нудиме спорт, рекреација, прошетки низ културно-историските локалитети и разновидни
екскурзии.

„По десоцијализираната зима со многу дожд, беспарица, Шехерезад, Фејсбук и 100-процентно рестриктивниот закон за забрана на пушењето, Први мај дефинитивно го разбуди Охрид и ги наполни терасите на досега празниот градски плоштад, што барем за еден викенд го зголеми угостителскиот промет иако значително помалку од лани на она што остана од него со гранитните плочки во црвениот, оваа година „кока кола концепт“, луѓето што просат, навкусните реклами наоколу и музика во недоглед. Каква слика, такви гости, јас мислам централниот плоштад, доминираа српските туристи од помладата популација, најверојатно и ова лето тоа ќе биде таргетот“, вели Енис Хилми, сопственичка на кафуле во центарот на Охрид.
Охридските плажи подготвени за туристите

Деновиве сезоната во Охрид ја отворија организирани и индивидуални групи со гости од Холандија и Србија.

„Планираме полека да ги вратиме холандските туристи кои порано во Охрид доаѓаа и по 50-60 илјади. Им нудиме спорт, рекреација, прошетки низ културно-историските локалитети и разновидни екскурзии“, вели тур-операторот Роберт Велески.
Автентичноста на Охрид е она што е најпривлечно тука. Секој простор си има своја автентичност, но ова е културно-историска ризница со богато и старо наследство, а има и модерни атрактивни туристички објекти. Охридското Езеро е бисер не само на Балканот.


Тој смета дека државата треба повеќе да се ангажира во промоцијата на Македонија и Охрид на холандскиот туристички пазар, каде има интерес за патување во државава и посебно на Охридското Езеро, што ги воодушевува Холанѓаните, кои бараат малку повеќе забава и ноќен живот.

„Автентичноста на Охрид е она што е најпривлечно тука. Секој простор си има своја автентичност, но ова е културно-историска ризница со богато и старо наследство, а има и модерни атрактивни туристички објекти. Охридското Езеро е бисер не само на Балканот. Гостите од Србија овде се чувстуваат како дома и токму затоа сега во Србија е во тек кампања за продажба на охридските аранжмани под мотото „Дојдете дома“. Очекуваме и ова лето да сме најбројни странци во Охрид како и минатите години“, вели Миша Вујовиќ, уредник на Српскиот магазин Национална Ревија.

Вујовиќ потенцира дека другите центри од регионот водат многу агресивна кампања за привлекување на туристите за ова лето, во што сепак заостануваат Македонија и Охрид.