Достапни линкови

Ќе се вратат ли странските туристи во Охрид?


Охрид
Охрид

Годинава, владата воведе субвенции за носење на странски туристи, што заедно со договорот на домашните тур-оператори за организирана продажба на туристичката понуда на Македонија, ги зголемува надежите дека во Охрид ќе се вратат странските туристи.

Во Охрид стигнуваат најави за масовно враќање на некогаш традиционалните Холандски туристи и за зголемување на бројот на Израелците кои тука доаѓаат организирано последниве години. Поголемиот инетерес на старите и нови тур оператори за организирана продажба на аранжмани со нашата понуда на странските пазари, се должи и на субвенциите што за носење странски туристи во земјава, со исполнување на пропишани услови, ги воведе владата на почетокот на годинава.
Прв пат во Македонија се применува директно субвенционирање на тур операторите што ќе носат странски туристи. Тоа е конкретен чекор и тоа е еден од најголемите буџети во министерството за економија во туризмот


„Во буџетот на Министерството за економија се издвоени 24 милиони денари за таа намена. Доколку во текот на годината се покаже потреба од повеќе средтсва, ние ќе побараме дополнителни средства за овој проект да се имплементира. Прв пат во Македонија се применува директно субвенционирање на тур-операторите што ќе носат странски туристи. Тоа е конкретен чекор и тоа е еден од најголемите буџети во министерството за економија во туризмот.“

изјави при псоетата на Охрид министерот за економија Фатмир Бесими.
Субвенциите за странците и третманот на туризмот како извозна дејност, според хотелската асоцијација можат да го спасат од колапс туризмот во Македонија, кој бележи надолен тренд.

„Заедно да го разработиме елаборатот за признавање на туризмот како извозна гранка и во делот на сите аранжмани и сите деловни приливи дојдени под основ на туризмот преку НБМ, да можат правните субјекти да бидат ослободени од плаќање на ДДВ-то, што фактички би значело извозно место на туризмот.“

Вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Тие сметаат дека првите ефекти од субвенциите, ќе се почувствуваат на пролет со гостите од регионот, за кои ќе се добиваат по 10 евра за турист, додека за туристите од подалечните дестинации, субвенциите се до 45 евра. Вистинските ефекти од оваа мерка се очекуваа идната година.

„Ова е само прв чекор и старт, не е успех, сега сме на почеток. Доколку биде успешна годината, јас гарантирам дека следната година ќе имаме редовна директна линија со Трансавиа за Амстердам, и поврзани летови преку КЛМ со цел свет.“
Сметам дека Охрид може да биде многу добар туристички пазар за нас. И сега има авио врска, но сметам дека може да имаме не само еден туку и два чартер летови неделно за Охрид


Вели Васко Коциров, сопственик на холандско-македонскиот тур-оператор Каратанов турс, кој веќе ги продава билетите. На крајот од април, со чартер лет на Трансавиа во Охрид ќе дојде првата група холандски туристи годинава. Се очекува, нивниот број, од ланските 5 илјади, идната година да порасне на 10 илјади туристи. Со тоа Охрид повторно би се вратил на мапата омилени туристички дестинации за Холанѓаните. Пред две децении, на охридското крајбрежје годишно доаѓаа и по 40 илјади холандски туристи.

„Сметам дека Охрид може да биде многу добар туристички пазар за нас. И сега има авио врска, но сметам дека може да имаме не само еден туку и два чартер летови неделно за Охрид, кој за Израелските туристи е инетересен со природните и културно-историски богатства, но и со потенцијалот за специфичната понуда како забава за младите и посета на казината.“,

порача при неодамнешна посета на Охрид Давид Кохен амбасадорот на Израел во Македонија. Конкретните ефекти од субвенционирањето на странските туристи, за кои преку организиран престој под одредени услови, министерството за економија врз основа на фактурите, ќе им враќа дел од трошоците на тур-операторите, нив ги мотивира за поголема промоција на Македонија и Охрид на странските туристички берзи, со што во ХОТАМ прогнозираат дека идната година бројот на ноќевањата ќе порасне за 25 проценти, а доколку хотелиерите и угостителите ги намалат цените на нивните услуги, посетеноста на капацитетите во 2011 може да се зголеми и за повеќе од 50 проценти.
XS
SM
MD
LG