Достапни линкови

Мариово изумира чекајќи туристи


Мариово
Мариово

Мариовските села изумираат чекајќи инвеститори за развој на селскиот туризам. Во најавтентичните стари населби на прсти се бројат куќите од кои чади оџак. За сега не се вложени поголеми средства за изградба на поудобни туристички капацитети. Слаб е и интересот на туристичките агенции за вакви аранжамани.

Мариовските села изумираат чекајќи инвеститори за развој на селскиот туризам. Во најавтентичните стари населби на прсти се бројат куќите од кои чади оџак. Тие со скормен комодитет и полски нужници се единствените објекти каде можат сместување да најдат гостите. За сега не се вложени поголеми средства за изградба на поудобни туристички капацитети. Слаб е и интересот на туристичките агенции за вакви аранжамани. Локалните власти преку интензивирање на соработката со Французи од областа Долна Нормандија прават обиди да ги заживеат селата. Наскоро во Мариово ќе пристигнат француски архитекти кои ќе ги подучуваат домашните мајстори како да подигнат куќи за сметување на туристи со автентичен изглед. Се работи за камени куќи кои се препознатлив симбол на Мариово и Долна Нормандија.
25 куќи кои сега се отстапени на општината и ние имаме и одлука на совет, дека ги отстапуваме на подолгорочна концесија и тоа бесплатно за економски да го потикниме тој дел


,,Планирано е во делот на Мариово во селата Зовиќ, Старавина и Градешница. Најповеќе во Старавина, бидејќи таму имаме најповеќе напуштени куќи. 25 куќи кои сега се отстапени на општината и ние имаме и одлука на совет, дека ги отстапуваме на подолгорочна концесија и тоа бесплатно за економски да го потикниме тој дел."

изјави градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски. Се чека заинтересирани бизнисмени да го финансираат сето тоа, а потоа во објектите да можат да обавуваат туризам. Оние кои го виделе Мариово знаат дека местото изобилува со девствена убавина. Селата се на надморска височина од 900 метри во пазувите на Ниџе планина. Во еколошки чиста средина. Тука на страски начина се прави едно од најубавите македонски биени сирења, мастика од праски, полжави на мариовски начин. За да се види и почувствуваа оваа убавина главна пречка е лошата сообраќајна врска. Иако селата се оддалечени на 50 километри од Битола, асфалтен пат има само до Рапеш, а останатите 13 километри до Старавина, едно од најодалеченото село, се земјени и стрмни. Овој пат се смета дека останал од Првата светка војна, кога го направиле француските војски.

,,За жал, во програмата за 2010 година на Министерството за транспорт и врски, тој регионален пат Р509 од Рапеш до Старавина не е влезен. Ќе настојуваме во 2011-2012 година да го асфалтираме за да ја поправиме инфраструктурата."

додава Котевски. Од општината се надеваат дека „нога ќе завлечка македонски бизнисмен од Холандија. Сега една холандска фирма со еден наш иселеник е заинтересирана да го окупи училиштето кое е 2700 матри квадратни заедно со дворот во Старавина. Катастарски ги спроведивме сите процедури од општината. Тој сака да прави како старски дом, еден вид на престојувалиште за пензионери- вели градоначалникот.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG