Достапни линкови

Охрид неподготвен за сезоната


Неуредени плажи, отпадоци во езерото, нељубезни угостители, студени хотели... Ова се дел од работите на кои се пожалија неколку туристи кои деновиве го посетија Охрид. Угостителите очекуваат оваа сезона да им биде полоша од претходната.

Информациите дека се исфрлаат фекалии во езерото, тоа што надојденато езеро го смени описот на плажите дополнително влијае на тоа за престојните празници туристите до го одминат. Угостителите очекуваат оваа сезона да им биде полоша од претходната. Туристите
Синоќа вечерав во капут и секаде во хотелот мрзнев. Дефинитивно, моите пари повеќе во Охрид не ги трошам.
кои ги анкетиравме, велат дека градот не им понудил многу.

„Синоќа вечерав во капут и секаде во хотелот мрзнев. Дефинитивно, моите пари повеќе во Охрид не ги трошам.“

„Се надваме дека до почетокот на сезоната ќе се направи нешто за квалитетот на водата.“

„Цените се превисоки во однос на услугите што се нудат.“

Угостителите пак велат дека во периодот пред официјалната летна сезона, или за велигденските и првомајските празници традиционалано имале гости од Бугарија и Србија, но поради визната либерализација оваа година очекуваат помалку гости.

„Има нешто резервации, но ретки индивидуалци“
Јас лично сум скептик во поглед на тоа колку странци ќе имаме во Охрид, за жал. Охрид е дефинитивно наш најголем туристички центар, бисер, дар од природата, но овој пат правиме огромна човечка глупост и негрижа со тоа што му го правиме на Охрид.
, вели Јасна Илиевска, хотелиер од Охрид.

Александар Чоневски од Стопанаската комора за туризам, вели дека треба да се најде човек кој ќе го извлече Охрид од проблемите кои ги има. Чоневски вели дека Охрид не е подготвен за престојната сезона, отсуствува стратегија за привлекување на гости, а состојбата дополнително се влошува со тоа што езерето се загадува.

„Јас лично сум скептик во поглед на тоа колку странци ќе имаме во Охрид, за жал. Охрид е дефинитивно наш најголем туристички центар, бисер, дар од природата, но овој пат правиме огромна човечка глупост и негрижа со тоа што му го правиме на Охрид.“

Туристичките работници порачуваат и охриѓани да размислат за намалување на цените, за воведување различни понуди во различни сезони, за дестинацијата да стане конкурентна.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG