Семеен портрет на грчката трагедија

Под овој наслов весникот „Њујорк Тајмс“ објавува коментар во врска со грчката должничка криза. Во него се става сомнеж дека сегашните предложени мерки од Европската унија и ММФ би можело да ја извлечат земјата од економските тешкотии.


По неколкумесечен раст на даноците и на буџетско кратење, грчкиот премиер во петокот објави дека на земјата и официјално и` е потребна меѓународна помош.

Со планот за спасување на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд се очекуваат натамошни барања за намалување на јавната потрошувачка и на платите на државните службеници и на пензиите, како и слабеење на правилата за заштита на работниците.
Но, овие планови го превидоа основниот организационен принцип на грчкото општество, семејството и неговото влијание врз економијата. Вистина е дека јавниот сектор во Грција е скап и оти треба да се реформира. Но, со тоа нема да се решат проблемите.

Приватниот сектор во Грција е составен главно од бизниси во семејна сопственост, односно семејни компании, кои работат во услови на слаба конкуренција и на мали плати. Всушност, строгите мерки само ќе ја зајакнат улогата на семејството и на државно и на пазарно ниво.

Повеќе од 75 насто од грчките бизниси се семејни. Повеќето од нив се мали и се потпираат врз работната сила во семејството, која пак, во
Се додека Грција не може да најде начин да го ослободи приватниот сектор од семејството, никакви реформи нема да донесат поголеми промени. Европската унија и ММФ треба да сфатат дека невработеноста што ќе дојде со преструктуирањето на јавниот сектор само ќе ја зацврсти доминацијата на семејството.
практика е многу флексибилна: не постојат стандарди, како минимална плата или максимум работни часови.

Жените често работат за нивните сопрузи без плата, а законите не им даваат многу права при делењето на имотот, што пак, ги принудува воопшто да не размислуваат за развод.

И младите луѓе се слично ограничени. Среќниците добиваат владини работни места преку семејни врски или пак работат во семејниот бизнис. Оние несреќните за скудни плати се во нечии туѓи семејни бизниси, каде што речиси немаат шанси да напредуваат. Повеќето живеат со своите родители до 35 години, бидејќи не можат да си дозволат да живеат сами.

Младите исто така зависат од нивните семејства и за да добијат пристојна здравствена заштита. На оние што сакаат независност не им преостанува ништо друго туку да и се приклучат на грчката дијаспора во Европа и во Соединетите Држави.

Се додека Грција не може да најде начин да го ослободи приватниот сектор од семејството, никакви реформи нема да донесат поголеми промени. Европската унија и ММФ треба да сфатат дека невработеноста што ќе дојде со преструктуирањето на јавниот сектор само ќе ја зацврсти доминацијата на семејството.

Подобро решение би било да се создаде вистинска јавна безбедносна мрежа која ќе им помогне на младите Грци да се ослободат од задушувачкиот стисок на нивните семејства. Ова нема да ја реши финансиската криза во Грција веднаш, но постои една генерација на млади работници кои копнеат во дневните соби на своите родители и кои, доколку бидат ослободени, би можеле да и помогнат да грчката економија, се наведува во коментарот објавен во весникот „Њујорк Тајмс“.