Годинава економски раст од два проценти

ММФ, владата и опозицијата, за годинава очекуваат економски раст на македонската економија од два проценти. Според економските експерти, тоа е недоволно. Тие велат, за излез од кризата е потребен економски раст од пет до шест проценти.
Растот од два проценти за македонската еконимијата , што ја прогнозираше Меѓународниот монетарен фонд за годинава се совпаѓа и со прогнозите на македонските политичари и експерти. Во опозицијата велат дека ако се остварат прогнозите на монетарниот фонд,
Секоја проекција е тешка, најтешко е кога треба да се проектира иднината, уште потешко во услови на криза. Ние за сега стоиме на нашите проекции.
уште многу време земјата нема да излезе од криза. Од власта, пак, не ни знаеја дека имало извештај на ММФ, но сепак велат дека и тие за годинава прогнозирале два проценти економски раст.

„Секоја проекција е тешка, најтешко е кога треба да се проектира иднината, уште потешко во услови на криза. Ние за сега стоиме на нашите проекции“, вели министерот за економија Фатмир Бесими.

Вицепремерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски вели дека клучен период дали ќе се остварат прогнозите на ММФ ќе биде вториот период од годината.

Ние сме оптимисти и мислиме дека проекциите се реални, барем со информациите и очекувањата што ги имаме во моментов.
„Ние сме оптимисти и мислиме дека проекциите се реални, барем со информациите и очекувањата што ги имаме во моментов.“

ММФ за наредната година прогнозира три проценти економски раст на економијата во македонија и четири проценти за 2015-та. Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ вели дека прогнозите се реални.

„Дефинитивно ако се остварат овие прогнози, а бидејќи владата не прави предуслови да не се остварат ќе останеме последна земја во регионот.“

ММФ прогнозира врз основа на податоците што ги добива од домашните инститиуции, но дискутабилно е дали податоците што ги има се веродосотојни, вели пратеникот Слободан Најдовски од ЛДП. Но без разлика дали се веродостојни или не, прогнозираниот раст е низок, оценува тој.
На Македонија и треба минимум 5,5-6 отсто стапка на економски раст и се додека тоа не се постигне, Република Македонија ќе биде во некоја рецесија.

„Сите податоци и проценки зборуваат дека е потребно најмалку пет до шест посто раст на македонската економија за да може да излеземе од економската криза и да забележиме економски напредок.“

И професорот Тихомир Јовановски вели дека на земјата и треба поголем раст на економијата.

„На Македонија и треба минимум 5,5 до 6 отсто стапка на економски раст и се додека тоа не се постигне, Република Македонија ќе биде во некоја рецесија.“

Во меѓувреме македонска делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески учествува на редовните пролетни средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Тема на разговорите ќе биде тековната и идната соработка на Македонија со двете институции.