Речиси сите прилепски компании минатата година се соочија со бројни проблеми, пред се поради намалениот пласман на производите. Дел евидентираа загуби, а дел помал профит во однос на годината пред тоа. Па, констатација на стопанствениците е дека оваа состојба делумно е последица на светската економска криза. Сепак тие велат дека државата може да донесе сет стратегиски мерки кои би создале поповолен економски амбиент во градот.
,,За извозните фирми секогаш се бара стимулирање на извозот, даночни олеснувања и така натаму."
,,Најпрвин треба да се донесе една стратегиска мерка дека она што кај нас се внесува како суровина, треба максимално да се сведат на минимални стапки или да не постојан царински стапки за суровини."
Велат Горан Попоски, менаџерот на Мермерски Комбинат и Сашо Самарџиоски, директорот на Прилепска Пиварница. И во прехрабената индустрија Витаминка се загрижени поради порастот на цените на увозните сурови. Зголемата цена на струјата и на други услуги може забележително да влијае врз ефектите од планираниот профит годинава, смета директорот Симон Наумоски.
,,Очекувањата од државата се во тој правец да до максимум ни се поддржуваат услови и доградуваат услови кои ќе ни овозможат поуспешно работење од секој аспект, односно бараме поткрепа во правец во кој нема да ни создадат полоши услови за стопанисување од раст на некои трошоци кои ги очекуваме непотребно да се создадат во 2010 година."
И Управниот одбор на Регионалната стопанска комора ги конкретизира предлог мерките до Владата.
,,Да даде ист третман на домашните компании со странските компании, особено во инвестирањето и субвенциите кои што ги најавува државата за странските инвестиции, да важат и за домашните инвеститори. А, исто така во поттикнување на претприемништвото и малите и средни претпријатија преку поволно кредитирање со вклучување на Македонската банка за поддршка на развојот."
Истакнува Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора. Познавачите на приликите велат, кога големите и успешни прилепски компании се соочуваат со големи проблеми, тогаш помалите фирми навистина работат во крајно неповолни услови. За да не се предизвикаат поголеми турбуленции во работењето, за да не се зголеми бројот на армијата невработени од над 25.000 прилепчани кои се повеќе својата иднина ја бараат надвор од македонската граница, неопходно е државата да има слух за барањата на стопанствениците. Реализацијата на овие предлог- мерки на бизнисмените ќе ја подобри севкупната економска клима, па ќе се создадат поголеми можности за нови вработувања. Регионалната комора ги испрати своите барања на адреса на државата, сега го очекуваат следниот потег.
Најпрвин треба да се донесе една стратегиска мерка дека она што кај нас се внесува како суровина, треба максимално да се сведат на минимални стапки или да не постојан царински стапки за суровини
,,За извозните фирми секогаш се бара стимулирање на извозот, даночни олеснувања и така натаму."
,,Најпрвин треба да се донесе една стратегиска мерка дека она што кај нас се внесува како суровина, треба максимално да се сведат на минимални стапки или да не постојан царински стапки за суровини."
Велат Горан Попоски, менаџерот на Мермерски Комбинат и Сашо Самарџиоски, директорот на Прилепска Пиварница. И во прехрабената индустрија Витаминка се загрижени поради порастот на цените на увозните сурови. Зголемата цена на струјата и на други услуги може забележително да влијае врз ефектите од планираниот профит годинава, смета директорот Симон Наумоски.
,,Очекувањата од државата се во тој правец да до максимум ни се поддржуваат услови и доградуваат услови кои ќе ни овозможат поуспешно работење од секој аспект, односно бараме поткрепа во правец во кој нема да ни создадат полоши услови за стопанисување од раст на некои трошоци кои ги очекуваме непотребно да се создадат во 2010 година."
Очекувањата од државата се во тој правец да до максимум ни се поддржуваат услови и доградуваат услови кои ќе ни овозможат поуспешно работење од секој аспект