Засега не се најавува намалување на зелениот картон за автомобилите, кој чини 150 евра. Иако, дел од превозниците бараат да се преиспита уставноста на двојното осигурување на возилата, еднаш при регистрацијата, а вториот пат при вадење зелен картон, од осигурителните компании тврдат дека тука нема ништо спорно.
Нема да има поевтинување на зелениот картон за автомобилите и покрај револтот на возачите и транспортните компании поради превисоката цена. Во Србија зелениот картон чини 12 евра, во Босна и Херцеговина 2 евра, во Словенија помалку од 5 евра, а во Македонија 150 евра. Една третина од возилата во Македонија не се регистрирани бидејќи луѓето немаат пари, а ако превозниците бидат принудени да плаќаат за зелен картон, процентот ќе се зголеми, велат анкетираните.
„Не е фер ова кај нас, не знам што мислат, буџетот да го полнат од тие пари?!“
„Треба да се намалат цените. За еден месец 2500 денари - тоа е една третина од регистрацијата.“
„Ако има поевтина цена ќе има и повеќе корисници.“
Една од причините за високата цена на зелениот картон е што Македонија нема државно осигурување, туку сите се приватни компании кои исклучиво работат за профити, вели Јонче Поповски од Националното биро за осигурување.
„Точно е, имаме слаб економски стандард во Македонија, егзистенцијата е во прашање, сакаат да патуваат, но како да се намали цената на зелениот картон? Кој ќе ја финансира разликата од загубата на зелениот картон.“
Иако дел од превозниците бараат да се преиспита уставноста на двојното осигурување на возилата, еднаш при регистрацијата, вториот пат при вадење зелен картон, од осигурителните компании тврдат дека тука нема ништо спорно. Но, од Асоцијацијата на независни синдикати за камионски транспорт „Макамтранс“ велат дека цената на зелениот картон е превисока и дека подолго време се борат да издејствуваат нејзино намалување, но и намалување на цената на осигурувањето.
„Или ќе плаќаме само за зелени картони или само за автоодговорност при регистрација на возните единици. За да се усогласиме со европското законодавство каде што е скоро забрането да постои дупло пресметување на премија за осигурување на возилата“, објаснува Биљана Муратовска од „Макамтранс“.
Иако го разбираат револтот на осигурениците, сепак од Евролинк проценуваат дека износот на зелената карта е реален.
„Имајќи предвид дека тие износи на штети што предизвикуваат тие зелени картони што се настанати надвор од Макеоднија, посебно имајќи ги предвид зголемените минимални суми за осигурување на моторни возила во земјите во опкружувањето“, изјави Ирена Велкоска Спировска, директор на зелен картон во Евролинк осигурување.
Не е фер ова кај нас, незнам што мислат, буџетот да го полнат од тие пари?!
„Не е фер ова кај нас, не знам што мислат, буџетот да го полнат од тие пари?!“
„Треба да се намалат цените. За еден месец 2500 денари - тоа е една третина од регистрацијата.“
„Ако има поевтина цена ќе има и повеќе корисници.“
Една од причините за високата цена на зелениот картон е што Македонија нема државно осигурување, туку сите се приватни компании кои исклучиво работат за профити, вели Јонче Поповски од Националното биро за осигурување.
Точно е, имаме слаб економски стандард во Македонија, егзистенцијата е во прашање, сакаат да патуваат, но како да се намали цената на зелениот картон? Кој ќе ја финансира разликата од загубата на зелениот картон.