Достапни линкови

Нема пари за патувања без визи


Граѓаните го прославија паѓањето на Шенгенскиот ѕид
Граѓаните го прославија паѓањето на Шенгенскиот ѕид

Граѓаните велат дека Европа е, се уште, далеку за нив зашто немаат пари да патуваат во странство и покрај визната либералзиација и олеснетите услови за патување. Туристичките агенции не забележуваат поголем интерес за патувања.

Граѓаните велат дека Европа е, се уште, далеку за нив зашто немаат пари да патуваат во странство и покрај визната либералзиација и олеснетите услови за патување.

„Нема пари, стопанството е слабо, нема развиена економија.“
„Јас патувам, за мене не е проблем.“
„Би патувала, ама финансиската состојба не дозволува.“
„30 посто од народот има пари да заминат, оние кои немаат, ќе останат овде.“
Логично е да е полесно патувањето, не нелогичноста е во немањето финансиски средства. Нашиот народ е навикнат да патува и има трациција, но веројатно финансиската ситуација е многу слаба.

Туристичките агенции, пак, се жалат дека не само што не е зголемен, туку дека бројот на луѓе кои што патуваат во земјите од Европската унија е намален. Миле Спировски е претседател на Асоцијацијата на туристички агенции. Тој вели дека во моментов интересот за патување на македонските граѓани во странство е многу слаб.

„Логично е да е полесно патувањето, не нелогичноста е во немањето финансиски средства. Нашиот народ е навикнат да патува и има трациција, но веројатно финансиската ситуација е многу слаба.“

Од друга страна, пак, во осигурителните компании велат дека има зголемување на бројот на луѓе што вадат патничко и здравствено осигурување. Тие велат дека постои благо зголумавање на интересот, особено за краткорочно осигурување.

„Може да се каже од денот кога се укинаа визите, зголемен е бројот, затоа што е зголемен бројот на нашите граѓани кои патуваат во странство,“

велат во осигурителната компанија Уника. Тие очекуваат таа тенденција да се задржи, а интересот особено да се зголеми во летните месеци.
Дел од аналитичарите изминативе месеци посочуваа дека визната либерализација во прво време ќе има само психолошки ефект – македонските граѓани да се почуствуваат дека не се затворени и дека Европа мисли на нив, за патување, сепак ќе треба да се зголеми стандардот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG