Достапни линкови

Политиката се меша во бизнисот


Премиерот Груевски на отварање на нова фабрика
Премиерот Груевски на отварање на нова фабрика

Политиката се меша во македонскиот бизнис и согласно тоа успешноста или не, на една фирма зависи од врските со власта, велат луѓето од економскиот сектор. Како последен пример на директно мешање на политиката во бизнисот, опозицијата го наведува случајот ,,Фершпед".

Политиката, изразено се меша во македонскиот бизнис и со тоа му штети, се согласуваат луѓето што работат во економскиот сектор. Поранешниот претседател на Сојузот на стопански комори Мирче Чекреџи вели дека има мешање на политиката во стопанството, но во тој поглед Македонија не се разликува од другите земји.

,,Политиката и економијата се блиски процеси и секоја политичка номенклатура сака да има влијание врз бизнисот, што е нормално. Тоа
Во Македонија премногу има мешање на политиката и партиски интереси и во економијата и бизнисот
е светски процес, не е само кај нас."

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека успешноста на македонските компании се должи на блиските врски со власта.

,,За жал во Македонија, политиката и владата се мешаат во бизнисот и тоа премногу и тоа едно од најлошите работи за деловната клима во земјата. Во Македонија успехот или неуспехот на било која компанија се должи на блискоста или оддалеченоста од власта, и од тој круг Македонија тешко се извлекува."

Поповски смета дека мешањето на политиката во бизнисот, денес, е поизразено од порано. Бизнисменот Ристо Гуштеров се согласува дека големото мешање на политиката во бизнисот и штети на домашната економија.

,,Во Македонија премногу има мешање на политиката и партиски интереси и во економијата и бизнисот. И тешко е тоа да биде прифатено од странските инвеститори, а и од домашните исто така."

Но, од друга страна, Гуштеров вели дека тоа не е нова работа во Македонија.

,,Тоа е традиција која што се провлекува со секоја партиска гарнитура, која успехот го гледа во буџетот и преку тоа врши влијание во
Тоа е традиција која што се провлекува со секоја партиска гарнитура
сите свери на економијата и општото живеење, а од друга страна несакаат да ја испуштат ,,коската од устата" ќе ,,глодат" колку што можат, додека можат да ја исцрпуваат економијата преку буџетот."

Чекреџи, пак, тврди дека и покрај обидите за политички влијанија, најуспешните фирми се далеку од политиката.

,,Апсолутно дека може да се успее. И кај нас науспешните фирми имаат направено успех без мешање на политиката. Секое мешање на политиката во бизнисот е штетна работа."

Претседателката на групацијата на меѓународни транспортери Билјана Муратовска вели дека вистинскиот бизнис се прави без политика, зашто политичките привилегии лесно се губат. Таа вели дека транспортот не трпи директни политички влијанија.

,,Значи ние имаме индиректно мешање на политиката во областа на сите оние помошни дејности кои што треба да ни овозможуваат ние да бидеме поконкурентни надвор од границите."

Последен пример, кој опозицијата го оцени како влијание и политичка пресметка со истомислениците, е одлуката на Царинската управа да и го одземе одобрението за вршење на шпедитерската дејност на најмоќната шпедиција во земјава „Фершпед“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG