(Не)владини организации

Протести во Скопје

Во Македонија се регистирани девет илјади невладини организации, а проценката е дека само десет отсто од нив работат активно. Експертите, граѓаните, но и активните и веќе докажани граѓански здруженија се согласуваат дека многу од „невладините“ организации се формираат за исполнување на некои партиски цели, работејќи на штета на граѓаните.
„Телефонскиот број не постои.“

„Корисникот што го баравте го исклучил својот телефон или е надвор од корисничката мрежа.“

Вакви одговори ќе добиете ако се обидете да побарате некоја невладина организација по случаен избор во телефонскиот именик. Според последните податоци на Македонскиот центар за меѓународна соработка, во земјава се регистрирани повеќе од 9 илјади невладини организации. Експертите сметаат дека од нив, само 10 отсто пројавуваат некаква активност, а со полна пареа работат 40-тина
Познавам неколку пријатели кои што се членови на политички партии, а истовремено се и членови на невладини организации. Тоа едно со друго не оди нели, така што не верувам.
невладини организации. Политичарите, граѓаните, експертите и луѓето од граѓанскиот сектор се согласни дека во јавноста се создава слика дека невладините организации се формираат и работат за партиски интереси на штета на граѓаните. Според последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, помалку од половина од испитаниците имаат доверба во граѓанскиот сектор. Повеќе од 80 отсто од испитаниците сметаат дека зад граѓанските организации се кријат политички партии и нивни цели.

Во Македонија се регистирани вкупно девет илјади НВО






Граѓаните велат дека не веруваат дека постои невладина организација во буквална смисла на зборот.

„Познавам неколку пријатели кои што се членови на политички партии, а истовремено се и членови на Невладини организации. Тоа едно со друго не оди нели, така што не верувам.“


„Мислам дека не постои невладина организација. Дека сега има неопределени или да не припаѓаат на некоја политичка партија не верувам.“

„Невладина организација дека постои не верувам, мислам дека сите ги финансираат или Владата или Европа, но невладина нема.“

Во Македонија, одвреме-навреме се појавуваат некои граѓански организации кои веднаш се забележува дека се формирани од страна на политичките партии. Тие се појавуваат со многу пари вложени во некои нивни кампањи, но после тоа тие кампањи се забораваат. Значи не познавам некоја граѓанска организација формирана од некоја политичка партија која денеска работи, туку тие се формирани за еднократна употреба.




















Партиски невладини организиции

Невладините организации, наместо продолжена рака на граѓаните, прераснуваат во оружје со кое власта и опозицијата водат битки, сметаат лугето од граѓанскиот сектор. Тие велат дека наместо да бидат непрофитабилни, невладини и граѓански организации, застапници на потребите на граѓаните, тие се обидуваат да го делат профитот, политички и економски. Претседателот на Асоцијација за демократски иницијативи, Љуљзим Хазири вели дека таквите невладини организации, кои кокетираат со власта и партиите, го нарушуваат угледот на оние кои навистина работат за интересите на граѓаните.

„Во Македонија, одвреме-навреме се појавуваат некои граѓански организации кои веднаш се забележува дека се формирани од страна на политичките партии. Тие се појавуваат со многу пари вложени во некои нивни кампањи, но после тоа тие кампањи се забораваат. Значи не познавам некоја граѓанска организација формирана од некоја политичка партија која денеска работи, туку тие се формирани за еднократна употреба.“

Еден од анкетираните граѓани вели дека корупцијата е уште еден проблем со кој се соочува граѓанскиот сектор.
Марш по повод Денот на толеранцијата во Скопје

„Бидејќи нејзиниот родител беше во невладина организација за невработени, имаше доста „мучки“. Перат пари преку други луѓе, само бараат печат од организацијата, другите пари што се некои донации за невработени луѓе одат на некои други места, од она што го знаме. Така што има многу корупција.“

Минатата година група на граѓани протестираа поради загадувањето од „Окта“. Миливое Станковски, еден од организаторите на протестот вели дека само една локална еколошка организација го подржала нивниот протест. Останатите нелвладини организации кои се залагаат за здрава животна средина не биле заинтересирани за нивниот проблем.

„Ние сме многу разочарани не само од невладините организации, ние сме разочарани и од здруженијата за екологија, освен велешкото друг никој не ни даде поддршка.“

Цивилниот сектор жртва на партиски препукувања

Луѓето од граѓанскиот сектор сметат дека цивилниот сектор во последниве неколку години се почесто е злоупотребуван и станува жртва на партиски препукувања. Се формираат невладини органзиции кои промовираат партиски кампањи, а оние кои не потпаднале на политички влијанија се етикетираат како партиски со што го губат својот кредибилитет. Неформалното здружение на граѓани „Плоштад Слобода“ неодамна откажа протести на скопскиот плоштад поради политички притисоци. Ирена Цветковиќ, член на здружението, вели дека се плашеле дека физички ќе бидаат нападнати од неистомисленици.
Невладините организации сакале или не, стануваат дел од таа политичка борба на тие кампањи кои што се спроведуваат помеѓу главните партии и тука страдаат и оние кои што се навистина виновни за тоа и оние кои што не се.

„Да ги спасиме од евентуално насилство кое што имаше големи шанси дека ќе се случи. Со говор на омраза беше буквално осуетен нашиот протест, беа осуетени нашите намери и дури имаше и повици за насилство и добивме закани.“
Ирена Цветковиќ на протест против проектот Скопје 2014

Комуникологот Сеад Џигал смета дека невладините организации често стануваат жртва на политички пресметки. Дел од нив се продолжена рака на власта и исполнуваат партиски цели, а дел се само жртва на таквите случувања.

„Невладините организации сакале или не, стануваат дел од таа политичка борба на тие кампањи кои што се спроведуваат помеѓу главните партии и тука страдаат и оние кои што се навистина виновни за тоа и оние кои што не се. Партиите, политичките субјекти си дозволуваат повеќе од тоа што смеаат. Значи го окупираат граѓанскиот сектор и не му даваат да дише и да работи така како што тој би требало да работи.“

Цветковиќ вели дека политичарите на различни начини се обидуваат да ги присвојат невладинате организации .

„Па еве на пример, мене не ми е јасно, зошто опозицијата досега во овие четири години не организирала ниту еден протест, а немаат никаков проблем да се појават на туѓи протести и притоа да го земат целото внимание на медиумите. Тоа суптилно наметнување знаете што прави, иако се свесни дека со тоа што ќе се појават на одреден протест ќе ја дефокусираат јавноста и во исто време
Па еве на пример мене не ми е јасно, зошто опозицијата досега во овие четири години не организирала ниту еден протест, а немаат никаков проблем да се појават на туѓи протести и притоа да го земат целото внимание на медиумите.
медиумите наместо да зборуваат за целите и ставовите за кои што се организирал тој протест, почнуваат да зборуваат кој бил на тој протест, зошто се оддржал тој протест и притоа почнуваат да се бараат некои скриени мотиви за што се виновни медиумите.“

Луѓето од граѓанскиот сектор се жалат дека до сега ни една граѓанска иницијатива не е исполнета до крај. Во последниве години, 10-тина иницијативи останаа само започнати. Невладината организација „Полио Плус“, пред четири години собра речиси 20 илјади потписи за закон за права и достоинство на луѓето со хендикеп. Претседателот на невладината, Звонко Шаревски вели дека законот влезе во собраниска процедура, и веќе 4 години е таму.

„И кога требаше да се изјасни владата, се формираше група, но тогаш дојдоа избори, па повторно се формираше група и додека таа почна да работи повторно дојдоа избори иако иницијативата беше одобрена од страна на Парламентот, потребата за донесување на таков закон, ние се уште немаме таков закон.“

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за злоупотреба на НВО-та

Двете најголеми партии, меѓусебно се обвинуваат за политичкото влијание врз невладините органзиации и нивна злоупотреба. Секретарот на опозициската партија СДСМ Андреј Петров вели дека Владата е виновна за ваквата ситуација. Таа преку нив се обидува да промовира одредена своја политика, вели Петров.

„Од друга страна, бројните невладини организации кои се незадоволни од политиката во различни сектори на оваа Влада, во голем дел од работите имаат блиски ставови на опозицијата, бидејќи тие ги гледаат од диоптријата на невладина организација, но и како главна опозициона партија се бориме против тие недоследности и тоа е она што ние го напаѓаме како политика.“

Членот на владеачката партија ВМРО ДММНЕ, Александар Николовски вели дека најголемата штета што е направена на граѓанското движење е формирањето на фонадацијата Институт отворено општество, односно „СОРОС“:

„Најголем гравитационен центар во моментов за невладиниот сектор во Македонија е тоа што имаат буџет од пет до шест милиони евра годишно и тој буџет го користат во јасни партиски цели за промоција на политиката на опозиционата СДСМ, така што тоа стои и тоа е главното нарушување на невладиниот сектор и дополнитено постојано се преставува како независен институт односно организација што дополнително ја влошува целата работа.“
Протест на стечајците пред влада

За да се подобри состојбата со невладиниот сектор и да се врти довербата, неопходно е да се работи на имиџот и на етичкиот кодекс, сметаат експертите. Еден од авторите на истражувањето за граѓанскиот сектор на МЦМС, Александар Кржаловски вели дека во јавноста се мешаат поимите политичко и партиско дејствување на невладините организации:
За некој став ќе има поклопување со некоја од поголемите политички партии, а за друг став со некоја друга или пак ако тоа често се поклопува нормално е да дојде до некакво поистоветување. Некои се дури и идеологиите им се такви, на некоја институција како прогрес.

„Граѓанските организации по тоа што го прават, во голем дел е полтичка активност дури и Здружението за заштита на животната средина е политика на животна средина. Значи некои ги мешаат партиско дејство со политичко дејство. Значи граѓанските организации по функција дејствуваат политички само треба да бидат непартиски.“

Кржаловски додава дека граѓанскиот сектор треба да се труди да ја задржи својата независност.

„За некој став ќе има поклопување со некоја од поголемите политички партии, а за друг став со некоја друга или пак ако тоа често се поклопува нормално е да дојде до некакво поистоветување. Некои се дури и идеологиите им се такви, на некоја институција како прогрес.“

Професорот по етика, Дејан Донев смета дека транзицијата остава длабока рана во македонското општество. Тој вели дека граѓанскиот сектор треба да биде етички коректив на општеството.

„Мора да се води сметка за политичкото наследство на државата за да не се избегне можноста да кокетираат со власта, да не бидат користени за реваншизам, за спротивставување на мислења на политичките партии итн. Етичкиот кодекс е еден вид на етичка алатка која го овозможува тоа.“

Професорот Донев вели дека преку примената на етичкиот кодекс ќе воспостават стандарди, со што ќе ја зајакнат довербата во нив, и со тоа ќе се придонесе да се демократизира општеството.