Г-дине Алексов неодамна го објавивте коментарот на Изборниот законик. Зошто почувстувавте да биде објавена оваа публикација?
Во минатото имавме лошо искуство, конкретно во изминатите три изборни циклуси во којшто сите инволвирани страни во изборниот процес имаа свој начин на толкување на одредбите од Изборниот законик, а со самото тоа и на неговата имплементација. Причините поради коишто тоа се случуваше, не се недореченостите и нејаснотиите во Изборниот законик, туку конкретно политичка волја за истиот да биде имплементиран како што е напишан и во духот во кој што е напишан. Коментарот на Изборниот законик е алатката која што сега ќе го минимизира слободното, различното толкување на Изборниот законик, а со самото тоа ќе приоднесе и да се види дали засегнатите страни, кога велат засегнатите страни мислам на сите институции поврзани и кои се дел од изборниот процес, како и директните учесници во него, а тоа се политичките партии, имаат политичка воља да го спроведат изборниот процес и да учествуваат во изборниот процес согласно законот.
Задоволни ли сте од постоечките изборни норми? Дали тие овозможуваат одржување фер и демократски избори во земјава?
Генерално зборено, секој закон кој што се имплементира согласно неговите одредби допринесува одреден процес да се одвива подобро, воколку законот не се спроведува, а процесот е во тек. Што сакам да кажам со тоа? Можете да имате најдобар закон на светот и да не го имплементирате согласно неговите норми, тоа ќе придонесе процесот кој што треба да се спроведе, да биде катастрофален. А од друга страна можете да имате просечен или потпросечен закон кој што доследно ќе го имплементирате и кој што ќе допринесе да имате подобар процес. Тоа е една народна поговорка која што вели: И најдобриот закон ако не се спроведува нечини, а најдобро е да се спроведува законот таков каков што е.
И по последните избори беа констатирани определени неправилности и добивме на некој начин задача од ОБСЕ до наредните избори да ги исправиме тие неправилности и да зајакнат капацитетите на администрацијата задолжена за спроведување на изборите. Што според вас недоставува уште да се направи на овој план?
Во овој момент во тек е работа во неколку свери од Изборниот законик, значи сите засегнати страни се дел од тој процес. Процесот е селектиран од страна на Секретаријатот за европски прашања, динаминиката со која што се одвива процесот не би ја коментирал со оглед на тоа дека започна некаде во септември-октомври месец 2009 година. Мост е дел од тој процес. Решенијата кои што ќе излезат од работата на тие работни групи, значи се делува во четири сегменти од Изборниот законик, во овој момент не би можеле да ги претпоставиме, но дефинитивно дел од интервенциите во законодавството ќе се случат сигурно во сегментот на заплашување на изборната администрацијата, што беше јасно посочено во извештајот на ОБСЕ на последните локални и претседателски избори, понатаму ќе се случат веројатно одредени корекции во законодавството кои што ќе имаат технички и суштински карактер, во делот на финансирање на изборната кампања итн. Меѓутоа какви ќе бидат тие решенија, самите области кои што ги споменав предвидуваат суштински измени и дали тоа ќе преставуваат суштински измени или не, сепак ќе мора да почекаме тој процес да заврши, па да видиме каков ќе биде резултатот.
Сепак најголемите забелешки сеуште пристигнуваат во насока на ажурирање на избирачкиот список. Министереството за правда најави дека интензивно работи на тоа, а вие во коментарите објавивте и конкретни мерки како да се спроведе. Очекувате ли одредени пропусти во неговото спроведување?
Значи, можеме да процениме дали работата ќе се заврши како што треба или не, откако ќе биде завршена, а тоа сигурно ќе го направиме. Кога зборуваме за избирачкиот список се добива впечаток дека тоа е една бескрајна дебата и се што се прави, е се дебатира. Мост е една од ретките организации во Македонија, па и во регионот која што конструктивно пристапи кон овој проблем, така што во 2006 година помогнавме на Министерството за правда избирачкиот список да се појави на интернет како би бил подостапен и поефикасно да се извршуваат сите промени или проверки на податоците на граѓаните во избирачкиот список, еден многу корисен и многу ефикасен ресурс кој што е во корист на граѓаните. Значи избирачкиот список е на интернет, на интернет страница која што сега комплетно е преземена од Министерството за правда. Значи, не станува збор за тоа дали има методологија или нема. Не станува збор за тоа дали има капацитет или нема, значи ако Мост како една невладина организација успеал да продуцира еден таков ресурс и да го вгради во капацитетот на едно Министерство, а тоа е Министерството за правда, тогаш е беспредметно да разговараме дали може да се исчисти избирачкиот список. Прашањето е, колкава е политичката воља? А кога велам политичка воља тогаш претставува прашање и политичката воља за обезбедување на средства за еден таков процес ефикасно и квалитетно да биде спроведен. Значи ние можеме да имаме декларативна политичка воља, меѓутоа суштинската политичка воља доаѓа во оној момент кога државата ќе реши тој процес да го спроведе согласно меѓународната методологија и согласно стандарди.
Веќе од наредните избори се очекува и гласањето на дијаспората. Очекувате ли проблеми во спроведувањето на овие одредби од законот?
Во законското решение имаме два предизвици. Првиот, е унифицирано право на глас, на секој оној што живее надвор од Република Македонија кое што моменталното решение не го гарантира, а кое што е содржано и во Копенхагеншката Конвенција како едно од основните човекови права и вториот момент кој што исто така многу загрижувачки, е моментот на недоречености во моменталното решение. Во овој момент е тотално нејасно дали само се лимитира Македонија на дипломатско конзуларните претставништва кои што ќе преставуваат избирачки места на денот на изборите, дали администрацијата ќе биде регрутирана, кога велам администрацијата велам на членовите во избирачките одбори, ќе биде формирана од страна на луѓе кои што живеат таму заедно со луѓето кои што се вработени во дипломатско конзуларните претставништва, односно вработените во МНР, потоа дали таа админситрација ќе биде испраќања, регрутирана, обучена во Македонија па испраќања во нашите ДПК-а? Моменталното решение за гласање на дијаспората, не дава одговор дали ќе може да се имплементира? Не дава одговор, колку ќе чини? И не ни дава одговор, какви технички услови или предуслови ќе треба да бидат исполнети за истото да може да се спроведе?
Многу често ја споменувате политичката воља, па ако тоа го примениме пошироко во демократскиот развој на нашево општество, колку во моментов невладините организации, вклучувајќи ве и вас, ја одигруваат улогата која што им припаѓа во едно демократско општество?
Одговорот е дека, цивилното општество во многу, многу драстична помала мера се консултира по прашања кои што се поврзани не само со законите, туку и со одредени процеси. Значи во Собранието на РМ, не се спроведуваат јавни сослушувања на кои што би се поканите засегнати граѓани или одредени групи кои што се директно таргетирани со одредено законско решение, да предложат или да посочат проблеми со конкретното решение или со неговата имплементација. Значи факт е дека учеството на цивилниот сектор во ваквите процеси, за кои што сега разговараме, е во голема мера намалено. За сметка на тоа имаме еден тренд на појава на фантомски организации кои што немаат никаква историја на постоење, кои што немаат ама баш никаков капацитет за одредена тематика или експертиза во одредена област, а којшто дефинитивно се консултираат или се чуваат како можни партнери во одредени консултациски процеси.