Достапни линкови

Сашо Клековски, Извршен директор на МЦМС


Маcedonia – Saso Klekovski, director MCMS, undated
Маcedonia – Saso Klekovski, director MCMS, undated

Она што е клучно за независноста на секоја организација е дали поединци имаат клучно влијание во финансирањето што може да води кон зависност на таа граѓанска организација од изворот на финансирање

Ширум светот, невладините организации се посветени на решавање хуманитарни, социјални, образовни прашања. Во моментов е приоритет помошта во надминувањето на растечката сиромаштија предизвикана од светската економска криза. Колку кај нас, невладините организации кои немаат овластувања да носат политички одуки, можат да помогнат во овој поглед?

Во основа, глобалната економска криза е еден дополнителен момент, меѓутоа, јазот меѓу богатите и сиромашните константно се зголемува во последните години и покрај целите на ОН за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Глобалната економска криза повторно ја отвори дебатата за правецот на развојот на светот и сите организации и на глобално и на европско ниво имаат големи дебати за тоа како понатаму да се продолжи. Во основа е нагласок на вредностите дека покрај слободата мора да се јакне раноправноста и солидардноста меѓу луѓето како можност за излез. Она што граѓанските организации во Македонија што го прават е на две нивоа, прво јакнење на политиките со јакнење на свеста на политичарите дека ние мора да се свртиме кон политики и национален буџет кои даваат поддршка на сиромашните, без разлика дали тоа е поддршка на националната стратегија за намалување на сиромаштијата или на декадата за вклучување на Ромите или пак за подобрување на социјалните услови во кои живеат лицата со посебни потреби итн. Второто ниво на дејствување на граѓанските организации е давање услуги за истите групи.

Како НВО соработувате и со бизнис секторот во настојување да ги покажете најкритичните потреби во општеството. Какви се искуствата во овој дел?

Ние веруваме дека без економски развој, не може да се решат напластените социјални проблеми. И мислам дека тоа е и општа верба на нацијата, посебно дека без економски развој, посебно без развој на малите и средните претпријатија, нема да има решавање на напластените проблемите на сиромаштија и други социјални проблеми. Но, од друга страна ние веруваме дека во старт мора да поттикнуваме дека овој нов развој ќе биде во нов дух, значи претпријатијата не како што пишува во законот имаат цел само да создаваат добивка, туку имаат и други должности, како кон вработените и државата, така и кон заедницата. Често говорам дека е жално, дека мојата организација добива поддршка од странски влади, а неодамна и од странски приватни компании, а е тешко да обезбеди поддршка од македонската влада и македонски компании. Ние сметаме дека треба да работиме на јакнење на свеста. Дека подобрување на општетсвото, кое ќе одговара на сите, зашто стабилно општество во развој е потребно за сите и за приватниот сектор и за владата и за нас граѓаните. Мора да биде иницирана взаемна соработка, не само со државата и владата туку и со приватниот сектор. Мора да се јакне чувството дека приватниот сектор има повеќе одговорности. Дел од приватниот сектор тоа веќе го работи, но сметам дека има уште многу што тука да се подобри.

Дали рецесијата директно го погодува невладиниот сектор кај нас и го доведува во прашање функционирањето и на дел од нив?

И глобално и во Македонија има негативни ефекти. Значи, некои приватни фондации на запад ги загубија фондовите во финансиската криза. Некои од владите прибегнаа кон рестрикции на буџетите, меѓу другото предвидени и за финансирање на програми од ваков карактер. И тоа непосредно влијае на Македонија. Значи, западно европски и американски фондации ја намалуваат поддршката на западен балкан и на Македонија. Влади ги намалуваат средствата порано предвидени за поддршка на граѓанските организации. Но, претходните искуства покажуваат дека во тие моменти граѓаните покажуваат поголема солидарност и средствата што се губат од вакви извори на финансирање се надоместуваат со поголема ангажнираност на граѓаните. Чувството на криза го зголемува чувството на солидарност, дека самите граѓани мора нешто да направат.

Невладините организации често се мета на критики дека прифаќаат големи донации од поедини извори или од државниот буџет. Прашањето дали изворите на финансирање се можност за политичко или друг вид влијание?

Она што е клучно за независноста на секоја организација е дали поединци имаат клучно влијание во финансирањето што може да води кон зависност на таа граѓанска организација од изворот на финансирање. Односно, дека органзацијата ќе мора да ги следи политиките на изворот на финансирање. Успехот, независноста на организациите се постигнува преку диверсификација на изворите на финансирање. Што повеќе различни донатори даваат можност за поголема независност, и сами да одлучувате за својата политика. Тоа е впрочем што МЦМС и многу други организации го прават. МЦМС најголемиот донатот, Германија има учество од 20 посто, и има преку десет донатори кои учествуваат во буџетот, но тие се назависни едни од други. И тоа му дава можност на МЦМС да води една релативно независна политика во однос на изворите на финансирање.

Колку за нашето општество е проблем политизацијата на невладиниот сектор и колку е таа присутна преку изворите на финансирање?

Прашањето е дали сме партизирани. Дали следиме одредени партиски политики. Јас верувам дека тоа е возможно за дел од организациите. Јас одамна тврдам. Ние имаме 70 политички партии. Значи, што еден граѓанин да смисли го претвора одредена политичка партија во платформа. Второто прашање е многу побитно дали може да се оствари влијание преку финансирањето. За жал да. На пример, во западна Европа може да добиете финансии од соодветната влада и доколку сте критички настроени кон таа влада. За жал, мислам дека во Македонија нема култура, владата, општините, министерствата да финансираат организации кои ќе бидат критички настроени кон нивната работа и тоа е разлика во филозофиите. Владите во Данска или Германија го прават за критиките преку граѓанските организации да ја подобрат својата работа.

На кое ниво е вллијанието на граѓанскиот сектор кај нас?

Во основа влијанието е онаму каде што постои јака вкоренетост на граѓанското општество. Каде што има јаки мрежи на граѓаните организации и тука најевидентните успеси на граѓанските организации се на полето на жените и родовата рамноправност, на полето на хендикепот и претходно до некаде на полето на животната средина, а денеска подрачје каде што има повеќе успеси е позицијата на Ромите во македонското општество. Онаму каде што концептот не е доволно вкоренет во нашето општество успесите се помали.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG