Деблокиран Комитетот за односи меѓу зедниците

Зградата на Собранието на РМ

Собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците денеска по 4 неуспеха одржа седница. Иако на дневен ред беше расправата за извештајот на Народниот правобранител за соодветна и правична застапеност пратениците не пропуштија да потсетат дека пропуштените седници беа поради други сериозни меѓуетнички прашања.

Собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците денеска расправаше за Информацијата за следење на примената на начелата на соодветна и правична застапеност и недискриминиција на немнозинските етнички заедници изготвена од Народниот правобранител.
Денешната седница се одржа по неколку месечна пауза, поради неможност да се обезбеди кворум за работа.
Обврската за доставување информации за примената на начелата на соодветна и правична застапеност до Народниот правобранител ја исполниле само 60 проценти од институциите, информира во презентацијата на Извештајот Народниот правобранител Иџет Мемети.
Според него, принципот на соодветна и правична застапеност се применува само во државната администрација, која е околу 10.000 лица, но не и во јавната која брои над 100.000. Повикувајќи се на информациите со кои располага, Народниот правобранител нагласи дека во 100 институции се уште не е вработено ниту едно лице од немнозинските заедници, а во 175 ниту едно од албанската заедница. Недостигаат силни контролни механизми за примена на принципот на соодветна и правична застапеност, а истовремено загрижува отсуството на храборост на граѓаните да бараат заштита, наведе Мемети и апелира институциите да ги достават потребните податоци и да не ја попречуваат неговата работа.
Иако на дневен ред беше расправата за извештајот на Народниот правобранител за соодветна и правична застапеност пратениците не пропуштија да потсетат дека пропуштените седници беа поради други сериозни меѓуетнички прашања како на пример Проектот Скопје 2014 и други важни меѓу етнички теми.

Зошто пратениците не доаѓаа?

Темите како што беа проектот „Скопје 2014“ и воведувањето на македонскиот јазик за првачињата Албанци не стасаа да бидат тема на ова тело бидејќи недостасуваше кворум. Меѓународните претставници и денешната тема помогнаа мнозинството од членовите да го потврдат своето присуство на денешната седница, претпоставува претседателот на комитетот Џевад Адеми.


„Нема никаква причина да недоаѓаат, и темата да , и засега сите членови на комитетот, а и влијанието на јавноста, и влијанието на нашите пријатели од меѓународниот фактор.“

Претставникот на српската заедница Иван Стоиљковиќ и на ромската заедница Амди Бајрам ни потврдија дека на денешната седница ќе присуствуваат зошто темата ја сметаат за исклучително важна и единствена причина за нивните досегашни отсуства.

„Заради тоа ја бојкотирав таа седница, затоа што застапеноста на ромите во сите институции и нормално денеска ќе бидам присутен на седницата, за да им укажам, бидејќи речиси и да нема застапеност на Ромите.“ изјави пратеникот Амди Бајрам.

Претседателот на комитетот пак, претходно наведе дека поради бројната претставеност во комитетот,

Јас мислам дека кворумот не е поврзан со целите, туку многу често беше поврзан со несериозноста од одредени пратеници, кои често избегнуваа да присуствуваат на седниците на комитетот
пратениците од малите заедници не можат да бидат кочничари на неговата работа туку дека според бројката тоа можат да бидат само пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Причината според него би можеле да бидат жешките теми па оттука се да заврши и со обиди ова тело како што рече да стане жртва на политкантски игри. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Владо Стефановски вели дека од здравстеви причини бил отсутен на мината седница и причините за неодржаните седници ги бара на друго место.

„Јас мислам дека кворумот не е поврзан со целите, туку многу често беше поврзан со несериозноста од одредени пратеници, кои често избегнуваа да присуствуваат на седниците на комитетот.“

Претседателот на комитетот проблемот го изложи и пред претставниците на меѓународните институции во земјава кои што апелираа што побрзо да продолжи работата на ова како што посочија важно тело на меѓуетничкиот консензус кое што произлезе и е гарант за имплементацијата на Рамковниот договор.