Снегот нанесува штети во земјоделието

Земјоделците се на полињата каде вложуваат напори да ги заштитат посевите од снегот кој што деновиве паѓа во Македонија. Снежното невреме најмногу проблеми предизвикува кај житните култури.
По традиција најмногу обеле Попова Шапка каде висината на покривката достигна 65 сантимери, но снегот предизвика многу проблеми во сообракајот, а закрчени останаа и повеќе крстосници во главниот град. Снегот нанесе штети и во земјоделството. Најголем дел од раноградинарските култури кои беа засадени во почетокот на март засега во струмичкиот регион не настрадаа, но земјоделците се на полињата каде вложуваат напори да ги заштитат растенијата од ниските температури:

„На нашето поле моментално е вода и снег.“
Сигурно за едно десетина дена се пролонгира почетокот на пролетната сеидба, која требаше да почне околу 15 март, особено на пченката, на сончогледот


Снежното време најмногу проблеми донесе за житните култури, а особено на потешките почви како во Пелагонија. Влагата ќе го зголеми ризикот од појава на дополнителни болести предизвикани од паразитни габи кои се појавуваат во овој период од годината вели Илија Каров професор на Земјоделскиот факултет:

„Ќе донесе можеби не толку загушување на посевите, но ќе имаме и појава на угинување, како резултат на овие паразитни габи кои што се јавуваат во оваа фаза. Во последните години имаме проблеми со појава на болести кај житните кулутри особено кај јачменот.“

Нови поинтензивни врнежи од снег метеролозите најавија од вторник кон среда. Од големата влага Безмалку сите сеидби ќе бидат одложени, изјави Велјо Тантаров од Сојузот на Земјоделци:
Сега очекуваме повторно да направи некои поплави, ако почне да се топи брзо


„Сигурно за едно десетина дена се пролонгира почетокот на пролетната сеидба, која требаше да почне околу 15 март, особено на пченката, на сончогледот.“

Во Пелагонија снегот се топи и направил на површините извесни поплави, а уште кога почнал да пага имало вода во почвата од претходните врнежи од дожд:

„Сега очекуваме повторно да направи некои поплави, ако почне да се топи брзо.“

Експертите најавуваат целосни податоци за влијанието од снегот и ниските температури врз земјоделските површини за десетина денови.Според нивните првични прогнози полседици врз житните посеви се очекуваат на делови од посевите во Пелагонија Кумановско и Свети Николско, додека на песокливите површини посевите ќе бидат добри.