Достапни линкови

Невремето ги уништи земјоделските посеви


Земјоделска површина
Земјоделска површина

Невремето изминативе денови нанесе големи штети на земјоделието. Додека земјоделците очекуваат од Владата да им ги покрие загубите од невремето, експертите неверуваат дека ќе бидат одвоени државни средства, бидејќи се работи за делумно, а не целосно уништување на посевите.

Земјоделците не престнуваат да трпат нови штети од невремето проследено со ветар и врнежи од дожд и град што во изминатите неколку денови зафати делови од централна и источна Македонија. Откако беа создадени услови за обиколка на терените на кои беа уништени земјоделските култури формираните комисии сосотавени од претствници на локалната власт и земјоделски експерти престојуваат вршејќи проценки. Над 500 производители и три комбинати од општината Бодганци од Владата веке очекуваат одобруавње на Елаборатот за загубите од невремето во средината на март. Според сознанијата на Сојузот на земјоделци во последните неколку денови
Битолско, потоа многу штети има направено во овоштарството во Преспа, во Штипско...
уништено производство има во повеке градови, а мегу засегнатите гранки се лозарството и овоштарството.

,,Насекаде речиси има. Битолско, потоа многу штети има направено во овоштарството во Преспа, во Штипско."

Изајви Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделците. Листата на заинтересиарни да добијат обештетување е голема но експертите велат дека не се работи за 100 процентно уништување на посевите туку на делови од имот. Во такви услови според Илија Каров професор на Земјоделскиот факултет во Штип, Владата нема да може да издвои пари за малите штети односно таму каде што од невремото биле зафатени делови и не настанало уништуавње на посевите како во Богданци каде имаше и градежни и производтсвени загуби од урнатите градежни конструкции на оранжериите.

,,Да речеме во некои региони се зафатени со 3% или со 12-15% значи различи се оштетувањата. Владата учествува во штетите кога има
Владата учествува во штетите кога има елементрана непогода, а мислам дека нема да може да смогне сили да помогне во вака помали штети
елементрана непогода, кога е тоа е голем процент, а влада мислам дека нема да може да смогне сили да помогне во вака помали штети."

Тантаров најавува дека на срдбата со претствници на владата што се плнира за наредната недела, ке го наметне и прашањето за висина и можноста за обесштетувања . Но и кај него опстојува уверувањето дека шанси не се големи зошто најголем дел од земјодеците не ги искористле бенифициите за осигурување од невреме што државата ги предвиде од почетокот на годинава:

,,60% од премијата за осигурвање ја признава владата, меѓутоа требаше да исплати."

Многу од земјоделците велат дека подигнале и големи земјоделски кредити кои палнирале да ги вратат по откупот на плодовите или нивната продажба на пазарите, но најголемиот дел од нив немаат осигуруавње во случај на невреме.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG